Здраво на сите, јас сум Ебру од Турција и со вас сакам да го споделам рецептот за овој вкусен, но пред сè здрав колач. Имам 2 готвачки сертификати, а со моето искуство се обидувам рецептите да ги подобрам и да ги направам поздрави.

Па така, овој колач е совршен за сите кои се на диета и кои внимаваат на својата исхрана. Не содржи брашно, ниту шеќер, ниту масло, а сепак добивате мек и сочен колач кој е многу вкусен.

За да го поедноставам рецептот, за мерење на состојките користев чаша од 200 мл , а колачот го печев во плех со димензии 20х20 см. Тестото за колачот се приготвува за неколку минути, а потоа треба да се испече, половина час на 180 степени и по желба да се прелие со растопено црно чоколадо. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 големи банани (350 г излупени), 1 супена лажица меласа или мед, 1 супена лажица цврст јогурт или кисела павлака (20 г), 1 полна лажица какао во прав (12 г), 1 чаша кокос (80 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 2 јајца на собна температура. За глазура/чоколаден прелив: 60 г црно чоколадо, 60 мл млеко

ПОСТАПКА: Бананите излупете ги, иситнете ги и ставете ги во блендер. Измиксајте неколку минути додека добиете мазна каша. Во истиот блендер, во измиксаните банани додајте една лажица меласа, една полна лажица цврст јогурт, една чаша кокосово брашно, една лажица какао, 1 кесичка ванилин шеќер и 1 прашок за печиво.

Измиксајте ги сите состојки додека да добиете хомогена, изедначена смеса. На страна во посебен сад скршете две јајца кои претходно отстојале на собна температура и пенасто изматете ги со миксер додека да згуснат.

Во изматените јајца додајте ја претходно добиената смеса од банани, кокос и какао, па промешајте со лажица или шпатула додека убаво да се инкорпорираат сите состојки и да добиете фина, мазна, полутечна смеса.

Со едно мало лажиче путер или кокосово масло премачкјате калап со димензии 20х20 см или тркалезен калап за торти, па излејте ја приготвената смеса, распоредете рамномерно и протресете за да се израмни површината.

Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу половина час. Кога ќе се испече оставете го неколку минути да се подизлади (доволни се 5 мин), па избоцкајте го густо со чепкалка за заби за да може да го впие чоколадниот прелив (ладен).

За чоколаден прелив: растопете го чоколадото во микробранова печка или на тивок оган/пареа, па постепено додајте млако млеко и мешајте додека да се растопи целосно и да добиете чоколаден прелив. Оставете да се излади.

Избоцканата торта прелијте ја рамномерно со чоколадниот сируп, па оставете ја целосно да се олади и да го впие сирупот. За кратко време можете да го сечете колачот и да се засладите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.