Спремете ги го овој лек на време, за да го имате готов во случај на настинка.
Земете една поголема црвена, многу лута пиперла или 3-4 помали. Пиперките мора да бидат многу лути.
Исечкајте ги пиперките, ставете ги во блендер, измиксајте ги и смесата ставете ја во тегла. Прелијте со алкохол 90% во однос 1:10. Добро затворете ја теглата и оставете да отстои една седмица на темно место.
Кога ќе почувствувате дека сте настинати, намачкајте ги стапалата со оваа тинктура од црвена пиперка. Ако многу ве пече, може да додадете малку масло. Потоа добро затопелете ги нозете. Ова се прави навечер, пред спиење. Тинктурата делува во текот на ноќта и настинката поминува.
Оваа тинктура можете да ја мачкате и на гради, па потоа да се затоплите. На деца мачкајте им ги стапалата но помешана со масло.
Во Русија пијат по една капка од оваа тинктура, во третина чаша вода, 8 пати дневно и на тој начин лекуваат освен настинки, уште и кашлица, артритис, фибромијалгија, гихт…