Кај нас е најпозната како ува (Arctostaphylos uva ursi), но оваа билка ја нарекуваат и мечкино грозје, горник, црвена планика, мечкини бобинки, бидејќи нејзините бобести плодови имаат светло портокалово-црвена боја, а ги обожаваат мечките.




За докажаната ефикасност на увата, првенствено во случај на уринарни инфекции, е заслужен арбутинот, состојка која во нашето тело се претвора во хидрохинон кој преку бубрезите поминува во уринарниот тракт, го детоксицира и чисти.




Богатството на корисни состојки содржани во билката, помага во ели-минација на некои бактерии

Во традиционалната медицина, сувите лисја се користат уште омногу одамна, а најдобро е да се собираат во септември и октомври. Имаат исклучително горчлив вкус, а најголем квалитет им е содржината на витамин Ц како и витамин Б комплекс, заедно со железо, калиум, магнезиум, калциум, танин, флавоноиди, галотанини, хидрохинон и фенолни гликозиди.




Лабораториските студии кои ги испитуваат здравствените ефекти на екстрактот од увините листови покажале дека комбинацијата на овие состојки успешно го забавува растот и растот на стафилококните бактерии и ешерихија коли, два вида кои се најчести причинители за инфекции на уринарниот тракт.




Но, треба да се нагласи дека постојат и други бактерии кои можат да предизвикаат уринарни инфекции, како и дека повеќето од нив се лекуваат со антибиотици. Увиниот чај може да ја олесни состојбата и да помогне, но во никој случај не е апсолутна замена за антибиотска терапија доколку ви биде препишана од лекар.




Болести кај кои увата е ефикасна и корисна

Покрај изразеното антисептично дејство кое го спречува и запира развојот на голем број бактерии и микроорганизми, екстрактот од листовите на увата ја потврдува и способноста да делува на ѕидовите на уринарниот тракт.




Ги cмиpyва, тонизира, обложува и зајакнува. Се користи во случај на песок во бубрезите и мочниот меур, а има докази за добри ефекти на дијареа и хематурија. Запишано е дека увиниот чај се користел затоа што арбутинот од него ги ели-минира бактериите од уринарниот тракт и цревата, го забрзува излачувањето на урината, но и го намалува таложењето на урична киселина.




Освен антибактериски, има и диуретично дејство, со што помага за детоксикација на организмот и придонесува за одржување стабилна состојба кај лицата со дијабетес. Важно е да се напомене дека содржи и хидрохинон кој е важен за зајакнување на имунитетот – а со тоа и целосната здравствена состојба, но само доколку се зема во дозволени количини.




Правилното дозирање е важно, а за некои луѓе е опаc-но да пијат увин чај

Увин чај не треба да се пие повеќе од 2-3 шолји дневно и не подолг временски период (подолг од две недели), а категориите кои не треба да го конcyмираат се: трудници, доилки, деца до 12 години, лица кои боледуваат од чир или хронични заболувања на бубрезите, цревата, црниот дроб и срцето, како и оние за кои е докажано дека се алергични на ова растение и кои имале некаква реакција при обидот за конcyмирање.




Ова растение не треба да се користи во комбинација со некои намирници и витамини како брусница, витамин Ц и цитрус, бидејќи тие ги поништуваат благотворните ефекти на увата. Несаканите ефекти поради земање повисоки д ози може да вклучуваат га-дење, пов-раќање, гpчеви во стомакот, тинитус и гy-шење.




Дали оваа билка на Гете му го cпасилa животот и го излечилa од уросепсис?

Увиниот се споменува во приказните од далечниот период од 1795 до 1805 година, кога Јохан Волфганг Гете добил уросепса, како последица на инфекција на уринарниот тракт која заедно со треската се проширила и на бубрезите.

Податоците за ова беа објавени во научното списание „World Journal of Urology“ во 1999 година. Во време кога немало антибиотици за лекување слични болести, Гете практично бил во животна опас-ност на своја 56-годишна возраст. Нешто како „последна шанса“ било одењето кај билкар кој правел мешавини од чаеви и пијалаци од лековити растенија, меѓу кои била и увата.

Иако од многумина бил прогласен за „доктор шарлатан“, се верува дека сепак, терапијата на дотичниот билкар му го cпаcила животот на Гете, бидејќи уролошките проблеми подоцна целосно престанале.