Home Рецепти Путер од сусам, поевтин и повкусен од купечкиот – се мачка на...

Путер од сусам, поевтин и повкусен од купечкиот – се мачка на лепче, се користи во салати и колачи

Фото и рецепт: Верица Николиќ

Многу лесно се приготвува, има фантастичен вкус и што е најважно – неспоредливо е поевтин од купечкиот.

Потребни состојки:

400 г сусам

4 лажици маслиново масло

2 лажици мед

1 прстофат сол

Постапка:

1.Путерот од сусам може да се приготви и од интегрален сусам. Но, за посилна арома, јас малку го потпеков.

2.Рерната загрејте ја на 150 степени. Сусамот ставете го во плех и ставете го во загреаната рерна малку да се потпече. Внимавајте да не прегори, па во текот на печењето неколку пати промешајте го. Печениот сусам оставете да излади.

<

3.Јас путерот го правев во чопер (Ultimate Chopper), како и путерот од кикирики.

4.Путерот правете го на двапати (наведените состојки поделете ги на две дела) за подобро да се избленда. Имено, во чопер (блендерот) ставете 200 г од испечениот сусам, додадете трошка сол, лажичка мед и две лажици маслиново масло. Матете додека сусамот да се претвори во путер.

5.Во текот на блендирањето, двапати сопрете за малку да промешате и да ја вратите содржината во средина, за да може рамномерно да се измикса.

6.Путерот ставете го во тегличка (од 400 г) и оставете да излади. Јас не можев да сочекам да излади, морав да го пробам, па затоа на фотографијата е малку потечен. Инаку, кога ќе излчади има структура на путер.

7.Путерот од сусам е многу вкусен. Можете да го користете како намаз за леб, за салата, колачи…