Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – Мамба торта, најбрзата торта без печење. Вкусот е Мамба тортата е нешто што мора да го пробате, нема кој не ја сака оваа торта.
Потребни состојки: 4 пакувања пишкоти, 400 мл чоколадно млеко за натопување на пишкотите. За фил 1: 500 мл вода, 500 г микс од црвено овошје, 200-250 г шеќер и 2 пудинг од јагода.
За фил 2: 400 г шлаг крем (или 500 мл слатка павлака), 250 мл млеко, 200 г шеќер во прав, 350 г кисела павлака, 2 кесички желатин, 300 г крем бананчиња (или по желба некои други чоколатца), 150 г чоколадо за декорација.
Постапка: Во поголем сад ставете 250 мл вода, 200-250 г шеќер и микс од овошје, па ставете на оган да зоврие. За тоа време, во остатокот од 250 мл вода разматете ги двата пудинзи од јагода да нема грутчиња.
Разматениот пудинг додадете го во зовриеното овошје и мешајте додека да згусне. Тргнете го на страна да излади. Двете кесички желатин промешајте ги со 8 лажици вода и оставете да набубри и згусне.
Во 250 мл млеко додадете 400 г шлаг крем во прав, 200-250 г шеќер во прав и изматете со миксер. Во изматениот шлаг додадете 300-350 г кисела павлака и уште еднаш измиксајте.
Желатинот загрејте го на тивко за да се растопи, па додадете го во кремот и измиксајте го. На крај можете да додадете сечкани крем бананчиња или медени срца или нешто слично и да ги промешате во кремот од павлака.
Подгответе четириаголен калап (бр.26) за торта со средна величина (обложете го со фолија или хартија), а чоколадното млеко малку загрејте го за да може да се натопуваат пишкотите.
Секоја пишкота малку натопете ја во млекото и редете на дното. Врз редот со пишкоти нанесете половина од белиот фил и израмнете. Потоа наредете втор ред пишкоти, исто така малку натопени во чоколадното млеко.
Врз нив нанесете го овошниот фил (кој може да биде и малку млак). Веднаш наредете уште еден слој малку натопени пишкоти, а најгоре нанесете го вториот дел од белиот фил. Тортата ставете ја најмалку 2-3 часа во фрижидер, најдобро преку ноќ.
Потоа отстранете го обрачот, одозгора можете да ја прелиете со чоколадна глазура и чоколадни трошки, а можете и по ваш вкус, па сечете ја и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.