Ако сакате брз и лесен оброк, овој рецепт е совршен. Вака приготвената зелка можете да ја послужувате како гарнир на главното јадење, но и како главно јадење. Ако сте љубител на зелката, тогаш дефинитивно мора да го испробате овој рецепт. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г зелка (1 средно голема главица), 10 г сол (една лажица), 150 мл млеко, 1 јајце, 15 г скроб/нишесте/густин, 3 г сол (половина лажичка), прстофат црн пипер, 5 г ароматични билки (една лажичка). Плех 16х28 см.




ПОСТАПКА: Зелката исчистете ја од надворешните листови и измијте ја под млаз ладна вода. Потоа исечете ја на половина, а потоа секоја половина на парчиња со дебелина од 1,2-2 см. Во едно тенџере на оган ставете вода и малку сол, па откако ќе зоврие ставете ги парчињата зелка.




Поклопете со капак и оставете да се вари зелката на умерена температура 10 минути. Потоа со решеткаста лажица извадете ги ос садот и наредете ги во малку намастен плех со димензии 16х28 см. Доколку сакате можете да го обложите плехот со хартија.




Во посебен сад ставете го млекото, па додајте го пченкарниот скроб, едно јајце, сол, црн пипер во прав и ароматични зачини како копар, оригано, мајчина душичка и слично.




Со помош на жица маталка промешајте го млекото додека да се изедначи смесата, да нема грутчиња. Потоа зачинетото млеко прелијте го рамномерно врз зелката и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу половина час. Вашата млечно-крцкава зелка е готова. Пробајте го и следниот рецепт за печена зелка:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една зелка исечена на тркалца со дебелина од 1,5-2 см, 100 г цврст јогурт или кисела павлака, 30 мл маслиново масло, 50 мл соја сос, 5 г сув лук во прав (една лажичка), 5 г црвен зачински пипер во прав (една лажичка), 3 г црн пипер во прав, 5 г сол




ПОСТАПКА: Исчистена и измиена зелка исечете ја на тркалца со дебелина од 1,5-2 см. Парчињата наредете ги во големиот плех од рерна, обложен со хартија за печење. На страна во посебен сад пригответе го преливот со кој ќе се зачинат зелките.




Во еден подлабок сад ставете 100 г цврст јогурт или кисела павлака, 30 мл маслиново масло, 50 мл соја сос, 5 г сув лук во прав (една лажичка), 5 г црвен зачински пипер во прав (една лажичка), 3 г црн пипер во прав, 5 г сол. Промешајте со жица-маталка.




Премачкјате ги зелките преку горната поврпшина, а потоа ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути или додека да заруменат. Вашите барбикју крцкави и сочни зелки се готови. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.