Фото и рецепт: Родна Трпеска
Потребни состојки:
500 мл млеко
1 квасец
2 лажици шеќер
1 лажица сол
10 лажици масло
Постапка:
Се замесува тесто па се остава околу половина час да одмори. Потоа се премесува и тестото се дели на 6 топли. Се оставаат да одморат 10 минути. Од секоја топка се сучи кора која се премачкува со омекнат путер или маргарин, па се реди дробено сирење и се витка како ролат. Од него се сечат пинерли колкави сакаш по големина, се редат во плех и повторно се оставаат да киснат. Се малчкаат со јајце и се наросуваат со сусам, па се печат во рерна.