Пригответе ја следната смеса:
Потребни состојки
20 г издробен прополис
50 г сув лист од пелин (artemisia absinthium)
200 мл алкохол 70%
Постапка:
Измешајте ги состојките во стаклена тегла или шише, добро затворете и оставете два дена на топло. Повремено протресувајте.
Потоа смесата прелијте ја со 2 литри квалитетно бело вино и оставете уште две седмици да „одлежи“. Ако не поднесувате горчливи напитоци, додадете 150-200 г мед и добро протресете да се растопи.
Процедете, налијте во помали шишенца, добро затворете и чувајте на ладно.
Употреба:
Консумирајте 3 пати на ден пред секој оброк по една лажица.
Благотворно делува врз органите за варење, против надување на стомакот, за чистење на крвта, јакнење на желудникот и душевни пречки, како и врз целокупниот организам.
п.с. Римјаните своите победници ги честеле со пијалак од пелин, како со највисоко признание за долг живот и добро здравје.