Дали имате тегоби со хроничното кашлање и борнхитис? Благодарение на моќните состојки на медот и бананите, оваа домашна смеса ќе ви помогне да се ослободите од воспаленото грло, кашлање, па дури и стомачните проблеми.

Потребни состојки:

– 400 милилитри врела вода

– 2 банани кои имаат црни дамки на лушпата

– 2 лажички мед

Подготовка:

Излупете ги бананите и згмечете ги со вилјушка или лажица. Подобро би било тоа да биде дрвена лажица, бидејќи од металот бананата може да оксидира и да потемне. Потоа бананите ставете ги во сад и додадете им ја врелата вода. Оставете ја смесата да одстои половина час. Кога смесата ќе излади, додадете мед. Многу е важно медот да го ставите последен, бидејќи ако го измешате со врелата вода ќе ги изгуби своите витамини.

Како се применува:

Од овој напиток пијте 4 пати дневно по 100 милилитри. Оваа количина на состојки е доволна само за еден ден, а наутро направете нова. Првите резултати ќе ги забележете за пет дена.

Медот е храна која се искористува 100% од страна на организмот, а капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу полезни за човечкиот организам. Одлично би било да го користите како засладувач наместо шеќер во чајот и млекото. Тој го подобрува варењето, ја уништува патогената флора во цревата (ја запира дијареата), ја спречува надуеноста во цревата помага при анемија и има ред други полезни дејства. Препорачливо е дневно да внесувате од 2 до 4 лажици мед. Медот е лек кој е достапен во секое време.

Исто така во периодите на настинки при појавувањето на првите знаци на инфекција добро е да земете мед во саќе така што еден залак се џвака по 10 до 15 минути на секои три часа. При респираторни инфекции одличен е високопланинскиот мед од мајчина душичка.