Можеби помалку се говори за карфиолот, бидејќи во свежа форма го има само зенски и тоа во релативно краток период. Во смрзната форма го има речиси преку целата година. Од тие причини веројатно помалку е познат фактот дека токму карфиолот помага во разградување на шеќерот и спречува негова трансформација во масти.
Меѓутоа, ова е возможно само доколку правилно се приготви. Со најчестиот начин на приготвување, похувањето, овој зеленчук ги губи своите лековити својства. Здравата исхрана е клучна за организмот не само поради хранливите материи неопходни за неговото функционирање, туку и затоа што може да помогне во бор-бата против некои болести и штет-ни состојби.
Ова особено треба да го земат предвид дијабетичарите, кои мора постојано да го следат нивото на шеќер во кр-вта. Затоа списокот на намирници кои помагаат гликозата да не го надмине оптималното ниво е особено корисен за нив.
Нутриционистите советуваат да се вклучи карфиолот во редовното мени, зеленчук кој според составот на нутриенти е многу сличен со брокулата и често значително поевтин од неа. Овој зеленчук има висок процент на влакна, одличен е за намалување на холестеролот, а корисен е и за одржување на нивото на гликоза.
Има низок гликемиски индекс, многу малку калории и затоа е погоден за секоја диета. Исто така, карфиолот е одличен како диуретик, има мал процент на натриум, па го поттикнува ослободувањето на вишокот течности од телото.
Сепак, многу е важен начинот на кој се подготвува карфиолот. Домаќинките и домаќините најчесто ги исполнуваат желбите на најмилите, па овој зеленчук го подготвуваат на еден од повкусн ите начини, а тоа е похуваната форма.
Меѓутоа, општо познато е дека похувањето и пржењето се помалку здрави начини на готвење, поради сето тоа масло кое се впива во текот на подготовката. Можеби не сте знаеле, но карфиолот е многу вкусен ако се јаде сиров како салата.
Можете да го исечкате на цветчиња, да додадете и малку зелени цветчиња брокула (претходно добро измиени и отстоени во раствор од сода бикарбона или оцет), па да ги зачинете со сол, балсамико/лимонов сок и маслиново масло.
Карфиолот е многу вкусен и доколку малку го подварите во солена вода, неколку минути колку да омекне, а потоа исто така да го зачините со маслиново масло, оцет, сол и ситно сечкан магдонос.
Послужете како гарнир на главното јадење или како салата. Ако не сте го пробале „златниот карфиол“ тогаш задолжително испробајте го: откако добро ќе го измиете, исечкајте го на поситни цветчиња и наредете го во плех обложен со хартија за печење.
Посолете го и наросете го со кари или куркума. Обаво промешајте го карфиолот да се „нафати“ рамномерно додека сиот да позлати. Потоа наросете сосем малку маслиново масло и печете го 10-15-тина минути во загреана рерна на 220 степени. Извадете го на кратко од рерна за да го промешате и вратете го да се допече уште 10-тина минути, или додека да започне малку да заруменува.
Можете да подготвите и многу вкусен појадок со карфиол: исечкајте го многу ситно во блендер или „сечко“, па измешајте го со јајца и зачини и на умерена температура испечете го во нелеплива тава, од двете страни додека малку да зарумени. Споделете со нас на кој начин вие го приготвувате карфиолот.