КОКОС КОЛАЧИЊА. Потребни состојки: 200 г шеќер, 250 г кокосово брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 250 г маргарин, 120 мл млеко, 500 г меко брашно, 2 жолчки, шеќер во прав.




Постапка: Маргаринот и шеќерот изматете ги пенасто, а потоа додајте ги жолчките една по една и се убаво соединете со миксер. Посебно измешајте ги брашното, прашокот за печиво и кокосовото брашно, па соединете со претходната смеса.




Додајте го млекото и замесете мазно тесто, завиткајте го во фолија и оставете да отстои околу 30 минути во фрижидер. Направете кифлички и печете ги во плех обложен со хартија за печење, на средна температура околу 15 минути. Се печат, па се ладат, а потоа се валкаат во шеќер во прав.




ПИШИНГЕР КОЛАЧИЊА на Снежана БГ. Потребни состојки: 8 јајца, 450 г шеќер, 280 г темно чоколадо, 250 г путер, 1 големо пакување обланди, малку потпечени мелени лешници.




Постапка: Добро изматете ги жолчките со шеќерот, па кремот згответе го на пареа. Кога кремот ќе се згусне, додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи. Потоа оставете да излади. Кога кремот ќе се олади, измешајте го со претходно изматениот путер. Наполнете ги обландите со филот, а одозгора наросете со мелени лешници.




ЉУБОВНИ КОЛАЧИЊА. Потребни состојки: 100 г мелени бисквити, 150 г мелени лешници, 150 г шеќер во прав, 80 мл газиран сок од портокал, 3 лажички екстракт од јагода или некој друг вкус, 200 г темно чоколадо, 90 г маргарин (јас ставам путер), 1 лажица масло.




Постапка: Соединете ги мелените бисквити, мелените лешници и шеќерот во прав. Додајте го екстрактот од јагода и газираниот сок од портокал. Добро измешајте за да добиете еднолична црвена смеса. Оставете ја смесата во фрижидер еден час, па направете мали топчиња, па повторно вратете ги во фрижидер додека да го подготвите чоколадото.

Ставете го калапот во замрзнивач неколку минути, а потоа вадете ги колачињата на хартија за печење




Чоколадото и маргаринот (јас користев путер) растопете ги внимателно и додајте една лажица масло. Користете мали хартиени корпи во кои ќе ставате по малку од растопеното чоколадо. Внимателно спуштете едно црвено топче врз чоколадото. Оставете го во фрижидер да се стегне чоколадото, а потоа внимателно извадете ги љубовните колачиња од корпите.




ЧОКО-КОЛАЧИЊА СО СЛИВИ: 200 г шеќер, 200 г сечкани ореви, по потреба малку мелени ореви, 200 г мелени суви сливи, 200 г темно чоколадо, 2 лажици масло. Постапка: Шеќерот посипете го со малку вода (колку да го покрие).




Потоа во шеќерот додајте ја претходно направената компактна маса од мелени суви сливи, малку рум, ситно сечкани ореви и по потреба можеби и малку мелени ореви (за густината ќе процените сами).




Направете топчиња со иста големина. За чоколадната глазура растопете 100 г чоколадо и масло. Секое топче закачете го посебно на чепкалка и потопете го во растопено чоколадо. Ставете ги топчињата на жица за да се исцеди вишокот чоколадо и ставете во фрижидер за глазурата да се стегне.