Доволно е да земате по 2 лажички од овој лек за превенција и лекување на остеопороза. Овој лек помага во надокнадување на губитокот на коскена маса и се подготвува за помалку од 5 минути.

Особено се препорачува за жени во менопауза бидејќи тие имаат намалено лачење на женскиот естроген хормон, а се препорачува да го консумираат и луѓе кои стpадаат од гихт и други ревматски болести.

Остеопорозата е честа болест која се карактеризира со губиток на коскената маса така што коските стануваат кpшливи и слаби. Најголемиот проблем со оваа болест е што таа се дијагностицира многу доцна бидеќи на почетокот не покажува никакви симптоми.

Појавата на остеопороза се случува поради хормоналниот дизбаланс кој е многу почест во староста. Намаленото количество на естроген води до поголема кpшливост на коските, но и мали незгоди без големи траyми.

На остеопорозата влијае и лошата исхрана, намалената физичка активност и намалената изложеност на сонце. Тука се вбројуваат и некои други болести како дијабетес, хипертиреоза, хронична болест на бубрезите, воспаление на цревата и некои ревматски болести.

За коските да бидат здрави, еве што им е потребно: минералот калциум кој се наоѓа во млекото и млечните производи, но треба да бидете внимателни со консумирање на оваа храна, а калциумот може да го надокнадите и со некои други намирници како: јаткасти плодови и други семки како сусам, сончогледови семки..

Калциумот исто така се наоѓа и во легуминозите и некој зелен зеленчук. При поголем дефицит на калциум се консумираат и суплементи во одредена количина. Исто така важен е и витаминот Д кој е важен во метаболизирање на калциумот и фосфорот во организмот.

Како што знаеме преку зима имаме недостиг не овој витамин, а во храната го има во: морските плодови, особено рибата, рибиното масло и жолчката од јајце. Исто така може да го консумирате и преку суплементи.

На третото место е магнезиумот кој е одговорен за функционирање на целото тело. Овој минерал придонесува за подобра апсорпција на калциумот кој ако го имате во дефицит доаѓа до намалување на коскената маса.

Следниот лек е најдобриот при проблеми со коските, се препорачува при остеопозора и други ревматски проблеми. Ќе ви бидат потребни следниве состојки: по 3 супени лажици (30 г) од овие семки: ленено семе, сусам, семки од тиква и сончогледови семки.

Исто така ќе ви биде потребно и липов мед, а може да користите и некој друг како багремов или шумски. Постапка: Сите 12 лажици семки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Важно е добро да ги иситните семките да бидат како прав.

Во широк стаклен сад или тегла ставете 500 г мед и во медот ставете ги измелените семки. Сите состојки добро промешајте ги со дрвена лажица додека да добиете еднолична смеса. Потоа поклопете и чувајте го лекот во фрижидер.

Начин на консумирање: Земете по 2 лажици дневно, по 1 лажица наутро и 1 лажица навечер пред оброк. Оваа количина ќе ви трае 2 седмици. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.