Многумина не можат да си ја замислат подготовката на јадењата без овој зачин. Токму црниот пипер има силно влијание врз кашлицата. Самиот мирис ги отвора и ублажува диш-ните патишта, но најдобро е да се приготви чај кој помага кај сува кашлица (рецептот можете да го прочитате најдолу во текстот).




Вообичено се користи црниот пипер, но го има во најразлични бои. Секој од нив дава специфична арома, но главно имаат исти својства. Во продолжение ќе пишуваме за црниот пипер, но истото се однесува и за шарениот.

Црниот пипер е ризница за здравјето на телото и мозокот и се користи илјадници години во традиционалната медицина за лекување на болести на увото, носот и грлото, ја олеснува настинката, делува против воспаленија, ги зајакнува когнитивните функции. Црниот пипер и неговата алкалоидна компонента – пиперинот, сепак, не одговараат на секој стомак, па затоа во некои случаи се препорачува претпазливост, пишува НМД.мк




Својата слава црниот пипер му ја должи на пиперинот

Во минатото, поедини народи со црн пипер го плаќале данокот и имал вредност на злато. Карактеристичниот мирис и вкус на црниот пипер се должи на соединението пиперин со кое се преполни овие мали црни зрнца.

Црниот пипер е одличен извор на влакна, железо, манган, калиум, витамин К, јаглехидрати, протеини и масти. Овој зачин содржи и калциум, бакар, магнезиум, цинк, фосфор, калиум, селен, фолна киселина, витамини Б2, Б3, Б6, А, Ц.

Експертите велат дека додавањето на црн пипер и други здрави зачини може да биде корисно, особено доколку се обидувате да намалите со количината на сол, шеќер и заситени масти во исхраната, пишува НМД.мк




За тело и мозок

Црниот пипер е одлична храна за телото и мозокот, бидејќи содржи антиоксиданси. Пиперинот има моќ да се б ори против слободните радикали, кои можат да ги оште-тат клетките и да доведат до сериозни воспаленија, проблеми со срцето и да предизвикаат некои форми на рак.

Некои истражувања тврдат дека додатоците на пиперин можат да спречат или забават појава на некои болести како што се артериосклероза и дијабетес.




Против воспаление

Сè уште нема доволно истражувања, но врз основа на неколку студии може да се тврди дека црниот пипер има и антиинфламаторни својства. Некои истражувања сугерираат дека црниот пипер може да биде корисен во заштитата на некои болести на бубрезите.

Истражувачите исто така откриле дека специфичните додатоци на пиперин можат да помогнат во намалување на хроничното воспаление, пишува НМД.мк




Антибактериски својства

Неколку прегледи и студии укажуваат на антибактерискиот потенцијал на пиперинот кога станува збор за б орба против грам-позитивни бактерии, како што е Staphylococcus aureus.

Некои истражувачи тврдат дека црниот пипер може да помогне во б орбата против заразни болести и патогени кои се пренесуваат преку храна. Една студија вели дека некои компоненти на црвениот и црниот пипер може да бидат корисни во б орбата против патогени кои се отпорни на лекови.




Антиканцерогени својства

Неколку лабораториски студии сугерираат дека пиперинот во црниот пипер може да помогне во борбата против ракот. Некои студии откриле дека пиперинот спречува раст на клетките на ракот на дојката, простатата и дебелото црево.

Пиперинот е исто така ветувачки терапевтски агенс во третманот на остеосарком, еден вид најчест т умор на коските. Нагласено е дека сè уште постои потреба за многу повеќе истражувања, за да може со сигурност да се тврди за вакво нешто




За добар холестерол и подобра апcopпција

Во една студија, на свињите им се давало храна надополнета со пцрн пипер. Кај свињите хранети на овој начин, било забележано зголемување на „добриот холестерол“. Истражувачите веруваат дека овие резултати можат да ги оправдаат можните корисни ефекти врз метаболизмот на липидите кај луѓето.

Истражувањата од 2013 година покажуваат дека црниот пипер може да помогне во зајакнување на апсорпцијата на хранливите материи. Се верува дека може да дејствува слично на пробиотик и да помогне во регулирање на цревната флора и гастроинтестиналното здравје




Ја cтимyлиpа функцијата на мозокот

Некои студии на животни заклучиле дека пиперинот може да биде корисен за зајакнување на функцијата на мозокот. Се верува дека пиперинот исто така може да помогне во лекувањето на Алцхајмеровата болест.

Посочено е дека пиперинот може да спречи формирање на амилоидни плаки, штетни протеини кои се развиваат во областите на мозокот поврзани со меморијата и когнитивните функции.




Ризици и несакани ефекти

Нема многу научни докази кои сугерираат дека црниот пипер предизвикува некои поголеми здравствени ризици и несакани ефекти. Кон-сумирањето премногу црн пипер може да предизвика дигестивни пречки, исто како што важи и за повеќето билки и зачини.

Некои истражувања покажуваат дека црниот пипер, или поточно, пиперинот, понекогаш може да има негативни ефекти во одредени ситуации. Пиперинот може да ја зголеми апсорпцијата на одредени лекови, како што се антихистаминици. Во случај на земање додатоци на пиперин, задолжително е да се кон.султирате со лекар.




ЧАЈ СО ПИПЕР КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА СУВА КАШЛИЦА. потребни состојки: Една чајна лажичка мелен пипер, една чаша врела вода и една супена лажица мед. ПОСТАПКА: Сомелете го пиперот и прелијте го со врела вода. Промешајте и оставете да подизлади. Потоа додајте го медот, промешајте и пијте во голтки, двапати во денот, помеѓу оброците.