Фото и рецепт: Елизабета Андов
Потребни состојки:
3 кг модри патлиџани
Сол
За солило:
1 литар бел оцет 9%
2 литри вода
80 г сол
80 г шеќер
½ кесиче црн пипер во зрна
За посипување:
2 главици лук
Магдонос
Масло по потреба
Постапка:
Модрите патлиџани се сечат на кругови или во должина по желба (не се лупат). Се посолуваат и се оставаат да отстојат од 2 до 3 часа.
Се приготвува солило од еден литар бел оцет, 2 литри вода, 80 г сол и 80 г шеќер, половина пакетче бибер во зрно.
Се става на оган да зоврие, па се додаваат патлиџаните кратко колку да омекнат (околу 5 до 10 минути), па се вадат во тава и се редат во тегли.
Се посипуваат со сечкано лукче и магдоност и малку масленце. Ова е квалитетна зимница без конзерванси и без хемија.












