Во време на чести настинки и грипови, особено се корисни рецептите за природни лекови кои можат да го зајакнат имунолошкиот систем и одбраната од болести. Еден таков ефикасен, а многу едноставен рецепт ни доаѓа од велешкиот билкар Мартин Најдовски.
„Овој лек е перфектен за подигнување на имунитетот, одличен е да се јаде во текот на целата зима. Познавам многу луѓе кои го користеле и ниту еднаш не заболеле во текот на зимата“, вели билкарот.
„Лекот ги чисти белите дробови така што ја разредува гycтата слуз и помага во нејзино полесно исфрлање. Меѓу другото го зајакнува имунитетот и одбраната на организмот од разни вирусни и бактериски инфекции“, вели Мартин Најдовски и објасни како се приготвува:
„Лекот се приготвува многу едноставно: се зема кромид (најдобро да биде црвен, но може и обичен, жолт), се сече на прстени или полумесечинки и се става во тегла.
Се налева со мед за да покрие сиот кромид, па се затвора теглата и се остава во фрижидер да отстои 24 часа. За тоа време лековитиот сок од кромидот ќе се соедини со медот.
Потоа се промешува пред употреба и се користи по една супена лажица, 3-4 пати во текот на денот, половина час пред јадење (да не се пијат течности веднаш по земањето на лекот).
Ако нешто се појавило на белите дробови од типот на бронхитис, настинка, грип или слично, заедно со кромидот може да помешате и рендан морков, а лекот да се приготви според истата постапка.
Овој лек може да се користи во текот на целата зима. Од него се добива одличен сируп кој всушност е природен антибиотик. Смесата потребно е да се чува во тегла во фрижидер и не мора да се процедува. Се користи само сирупот“, советува билкарот М.Најдовски.
Освен кромид, во смесата може да се додаде и сечкан лук, со што се добива уште посилен природен антибиотик, кој се нарекува „домашно чудо“.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица црвен кромид (со средна големина), 2 поголеми чешниња лук или 3-4 помали, 5 лимони (по можност органски) и 5 супени лажици органски пчелин мед (по можност од проверен пчелар, медот треба да биде квалитетен).
ПОСТАПКА: Кромидот исечкјате го на лентички, додајте исечкан лук, исцедениот сок од лимоните и сето тоа залијте го со мед. Промешајте добро, па садот затворете го со стреч фолија и оставете го во фрижидер до следниот ден.
Откако ќе преноќи смесата 24 часа, може да се процеди низ ситна цедалка или ситно, а најдобро преку густа газа за да може дополнително да се исцедат преостанатите сокови. Добиениот сируп складирајте го во стаклено шишенце и добро затворено чувајте го во фрижидер. УПОТРЕБА: користете го трипати дневно по една супена лажица, половина час пред јадење.