Рецептот е стар и обично се користи за подготовка на ликер на грозје. Но, постои верување кај народот дека вака приготвеното грозје има магична симболика и служи за среќа на домот.
Теглата со грозје се отвора точно на полноќ кога ќе отчука Новата година.
Ништо комплицирано, ништо напорно, се редат зрната грозје и се поросуваат со шеќер, а потоа се прелева со домашна ракија. Секој што е на трпезата зема по едно зрно грозје за среќа и бериќет во Новата година. За оваа намена се користи бело грозје, но доколку сакате да приготвите ликер, тогаш можете да користите било какво грозје.
Потребни состојки:
1 стаклена тегла
бело грозје
5 лажици шеќер
500 мл домашна ракија
Постапка:
Во чиста стаклена тегла со капак кој добро затвора, се редат зрна од бело грозје. Се наросуваат со пет супени лажици шеќер и се прелева до врв со домашна ракија. Се затвора убаво теглата и се чува на ладно во подрум или шпајз. Се отвора точно на Нова година и секој зема по едно зрно за да има среќна и бериќетна година.