Какаото е многу ценета намирница поради полифенолите кои влегуваат во нејзиниот состав, а кои го даваат главниот лековит ефект. Во комбинација со мед и путер се препорачува како превенција и лек за настинки и кашлица. Има својство да ги отстранува другите тегоби, но и да го спречува понатамошниот развој на болеста.
Какаото ја подобрува циркулацијата и квалитетот на к рвта, па поради тоа доаѓа и до зголемена исхранетост во респираторниот систем. Тоа ги cтимyлиpа метаболитичките процеси: повеќе кислород и хранливи материи влегуваат во белодробните крила, а метаболитите полесно се исфрлаат.
Путерот добро го загрева телото, продира во длабоките ткива и ја обложува слузокожата. Покрај тоа, овозможува подобро разредување на густата слуз и нејзино полесно исфрлање од бронхиите. Оваа лековита смеса исто така може да се нанесува и на слузокожата од носот, за да спречи бактериски и вирусни инфекции.
Смесата е многу вкусна, па истата може да се мачка на леб, од неа да се приготвуваат разни слатки и здрави колачи. Има неодолив вкус, па многу е т ешко да се задржите на една лажица. Рецептот е многу едноставен и многу брзо се приготвува. Рецепт и фотографии на Рената Трајчевска.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г несолен путер, 100 г мед и 33 г органско, квалитетно какао (една третина од 100 грамско пакување). ПОСТАПКА: Путерот исечкајте го на коцки и ставете го да се растопи на многу тивок оган. Температурата не смее да премине над 40 степени за да не се изгубат лековитите својства. Или растопете во микробранова печка.
Во растопениот путер се додава 100 г мед и 33 г какао. Сите состојки добро се мешаат за да се изедначат додека да се добие хомогена смеса, без грутчиња. Додека смесата е сè уште млака и речиси течна, складирајте ја во некоја стаклена тегла, претходно стерилизирана.
Се чува во фрижидер, а рокот на траење е дури 4-5 месеци. Откако ќе се стегне, смесата е густа и со многу темна боја. Кога станува збор за лек на респираторен систем, може да се користи каков било домашен квалитетен мед, но како најдобри се покажале медот од костени и шумскиот мед (потемен).
УПОТРЕБА: Како лек за кашлица се зема трипати на ден по една лажичка. Може да се јаде така, полека да се растопува во устата, а може и да се раствора во топло млеко, ако им се дава на деца над 2 години. Лекот може да се приготви и со чоколадо, на следниот начин:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г црно чоколадо со висок процент на какао, 3 лажици путер, 4 лажици какао во прав, 5-6 лажици мед. Постапка: чоколадото е најдобро да се растопи во една лажица какао путер, а за таа цел треба да се изренда. Ако немате какао путер, едноставно само растопете го чоколадото на тивок оган.
Потоа во него додајте три супени лажици путер и продолежете да мешате додека и путерот да се растопи и соедини во смесата. На крај додајте четири лажици органско какао во прав и 5-6 лажици мед или по вкус, во зависност од тоа колку сакате смесата да ви биде слатка.
Откако ќе ја соедините смесата, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Се употребува на ист начин, по една лажичка или лажица, трипати дневно, а може и почесто додека трае кашлицата. Може да се додава во чај или топло млеко.