„Како што најавивме, од оваа ноќ доаѓаат нови врнежи од дожд, на планините од СНЕГ. Но поради спуштање на уште постудена воздушна маса од Арктикот, утре врнежи од снег освен на планините, ќе има и на повисоките места и тоа особено во западните и во северните предели.




Особено на планините ќе се формира и снежна поркивка (понекаде со висина и од над 20 сантиметри), а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од северозападен правец, вели нашиот најпознат метео прогнозер Славчо Попоски.




Според метеорологот Попоски, особено во јужната половина врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Снежната граница има услови и тоа особено во западните и во северните предели да се спушти дури и под 1000 м.н.в..




Со што првото провејување на СНЕГ можно е и на повисоките населени места и тоа на запад и на север. Врнежите и тоа од локален карактер ќе продолжат и во петок, додека за време на викендот ќе имаме постабилно и потопло време, иако ќе има услови за локален краткотраен дожд.




Температурите, особено утре и во петок ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, што значи ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината. И во Скопскиот регион од оваа ноќ следуваат нови врнежи од дожд.




Поради заладувањето и тоа особено утре на околните планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ, а снежната граница и во Скопскиот регион има услови да се спушти под 1000 метри.




Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура значително ќе се намали и од утре ќе се искачи не повеќе од 7 степени.

 




Постабилно и потопло време и во Скопскиот регион ќе има за време на викендот, иако не се исклучува можноста за локален слаб краткотраен дожд, заклучува Попоски.