„Правилното држење на телото е гаранција за здравјето“, вели славниот јапонски доктор Кацузо Ниши. Кацузо тврдел дека едно лице може да го излекува својот б олен грб, знаејќи неколку едноставни методи на лекување кои ги знаеле старите народи, но сега се подзаборавени поради модерниот начин на лекување. Тој составил шест совети што влегоа во историјата како златни правила на здравјето.
ЗЛАТНИ ПРАВИЛА СПОРЕД КАЦУЗО
ТВРД кревет. Љубителите на меки кревети може ќе се разочараат, но за правилна положба на грбот потребно е да се спие на тврд кревет. Самиот исцелител вели: „Нема подобар начин да се сочува правилната положба на грбот со помош на тврд кревет, отколку постојано да се исправаат нару-шувањата што се создаваат во ‘рбетот кога се спие на мек кревет.”
Цврста перница. Исто така, ако спиеме на цврста перница, нашите вратни прешлени ќе бидат поставени во нивната природна положба. Во спротивно, неправилната положба на вратот предизвикува б олки во вратот и по целиот грб.
Јапонците исто така би додале: „Кривиот врат е знак за краток живот.“ Во продолжение прочитајте неколку ефикасни јапонски вежби кои ќе помогнат во одржување на правилна положба на ‘рбетот и ќе ви помогнат во лекување на б олните симптоми. Запомнете дека проблемите со грбот влијаат врз сите системи во организмот.
Вежба „Златна рипка“. Оваа вежба го коригира искривување на ‘рбетот и на тој начин го олеснува прекумерното оптоварување на ‘рбетните нерви. Покрај тоа, ја нормализира циркулацијата на кр-вта, има корисен ефект врз срцето и ја стабилизира работата на главните системи во организмот.
Како се прави оваа вежба: Ова е фантастична вежба и ако се прави систематски по неколку минути на ден, резултатите ќе бидат огромни. Ја нормализира циркулацијата на кр-вта, ја подобрува координацијата на надворешниот и внатрешниот нервен систем, ги подобрува функциите на цревата, црниот дроб, бубрезите, кожата, мозокот, срцето и ако се изведува пред спиење во голема мера ќе ја олесни корекцијата на држењето на телото.
Правејќи ја оваа вежба, станувате не еж, туку риба. За да ја направите вежбата, треба да легнете на грб, на рамна подлога или под, да ги ставите рацете зад главата, нозете испружете ги, а прстите кренете ги кон телото.
Замислете како вашите стапала се споени, односно како да се рибна опашка или сирена. Почнете да вибрирате со оваа „опашка“ и потоа со целото тело почнете да вибрирате.
Навистина, чувствувајте се како златна рипка неколку минути и вашето тело наскоро ќе биде подготвено да ја исполни секоја ваша желба, бидејќи ќе биде здраво! Деталите од вежбата може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а во продолжение прочитајте уште две вежби за б олен грб.
Вежба „Затворање на дланките и стопалата“. Оваа вежба ги координира мускулите, кр-вните садови, абдоминалните нерви, пре-поните и бутовите. Оваа вежба се смета за 5-то правило на Ниши.
Втората вежба се изведува исто на рамна подлога, но се состои од повеќе делови. Легнувате на рамна подлога, рацете ги подигате во вис, а потоа и нозете ги подигате од подлогата. Започнувате да го вибрирате телото, исто како првата вежба, а потоа мирувате со нозете свиткани во колена, како што е прикажано во видеото подолу.
Вежбата се повторува на овој начин со вибрирање и мирување. Потоа се вртите на стомак, рацете ги ставате позади грб и правите движења горе-долу по должина на грбот. Деталите од вежбата погледнете ги во видеото ОВДЕ.
Вежба за грб и стомак. Функција на оваа вежба е обновување на киселинско-базната рамнотежа во телото. Исто така, примената на оваа вежба благопријатно делува на мен-талната енергија. Оваа вежба се изведува во седечка положба и се прави со рацете и вртење на главата лево-десно. Повеќе за вежбата може да погледнете ОВДЕ.