Комбинацијата од мед и целер има многу лековити својства и се користи како природен лек за третман на кашлица и б олки во грлото. Сирупот од целер помага многу ефикасно, а овој рецепт го знам од баба ми. Таа редовно го приготвуваше овој лек за себе и за сите нас. Живееше во добра здравствена состојба 95 години додека не го пов-реди колкот.




Коренот од целерот е преполн со корисни витамини и минерали. Кога ќе се помеша со медот се претвора во многу ефикасен лек за закрепнување на уморно и болежливо тело. Има сцепцифичен мирис, па некои луѓе поради тоа го одбегнуваат, но грешат.




Коренот на целерот содржи неколку витамини од групата Б – Б1, Б2, Б6 и Б9 – кои играат важна улога во зголемувањето на имунитетот и отпорноста на организмот кон штетните фактори на животната средина.




Исто така, содржи супстанции со антибиотско и антифунгално дејство. Покрај другото, содржи минерали неопходни за нервниот и ендокриниот систем: калциум, магнезиум, калиум, фосфор и железо, како и квалитетни протеини.




Исто како и морковот, коренот на целерот може да биде добра профилакса против р акот и дополнителна поддршка во негово лекување, благодарение на супстанциите со цитостатички и антиту-морни својства што ги содржи.




РЕЦЕПТ. Баба ми никогаш не го лупеше коренот, туку го оставаше да отстои во раствор со јаболкова киселина. Значи многу добро измијте го под млаз ладна вода и минимално излупете го. Потоа оставете го да отстои во раствор со јаболков оцет или сода бикарбона.




После половина до еден час киснење, уште еднаш убаво измијте го и исцедете го од вишокот вода. На ситното ренде изрендајте го или уште подобро, сомелете го ако имате блендер кој може да го иситни добро како каша.

Во оваа смеса од рендан целер додајте доволно мед колку да добиете густа смеса. Значи, може да биде повеќе или помалку, во зависност од вашиот вкус (никогаш не сум мерела, се додава одокативно). Добро промешајте за да се изедначи целерот со медот.




Складирајте во стаклена тегла и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден можете да започнете со употреба. Се јаде по една мала лажичка неколку пати дневно, додека да поминат симптомите. Во оваа смеса исто така, може да додадете и рендан морков и рендано јаболко, па дури и лимонов сок по вкус. Смесата и натаму е лековита, само станува уште повкусна. Па дури и терапевтскиот ефект му се засилува.




Во случај на кашлица, ринитис или б олки во грлото, најчесто се користат масла од целер кои помагаат брзо да се раствори слузта и да се дезинфицира слузокожата. Меѓутоа, најефикасен е сокот (домашен сируп) од свеж целер.




СИРУП ОД ЦЕЛЕР – РЕЦЕПТ. Можете брзо да го подготвите сирупот, не мириса на карактеристичниот мирис на целер и дејствува веднаш. Добро измијте го коренот од целерот и избоцкајте го на неколку места. Направете дупка во средината и во неа истурете мед. Целерот во допир со медот ќе започна да испушта свој сок кој ќе се раствора во медот.




Ако сте приготвувале сличен сируп со црна ротквица, цвекло или тиква, тогаш веќе го знаете начинот. На ист таков начин, делува и коренот од целер. Многу е лековит овој сируп. Првпат го пробав пред две години, кога син ми имаше 4 години и оттогаш не ми треба ништо друго за кашлица.

Делува одлично, ефикасен е и што е најважно брзо делува. Се зема во текот на целиот ден, а следниот ден може да се стави нов мед и да се повтори постапката. Еден корен се користи до двапати.