МИРИЗЛИВ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И СУВО ОВОШЈЕ: Брзо е готов, а многу е вкусен

Измешајте јаболка со ореви и суво овошје. Многу едноставен и брз рецепт кој секој може да го приготви. Вкусен колач со јаболка, збогатен со неодоливот вкус на јатки и суво овошје, додека се пече мириса прекрасно, па не се изненадувајте доколку ви тропнат на врата соседите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г сува брусница и 150 г суви кајсии, 45-50 г ликер или бренди, 250 г ореви, 100 г шеќер и 1 лажичка цимет во прав, 4 јаболка, 3 супени лажици скроб/густин/нишесте, 4 јајца, 1 прстофат сол, 100 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 80 г масло, 220 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво




ПОСТАПКА: Сувите кајсии исечкајте ги со големина на сувата брусница. потоа залијте ги со ликер или бренди и оставете ги да киснат за да се хидрираат и набубрат. Доколку не сакате да користите ал-кохолни пијалаци, тогаш закиснете ги во некој сок. Оставете ги вака да отстојат 15-20 минути.




Во меѓувреме земете 250 г ореви и ставете ги во сува нелеплива тава. Истостирајте ги на умерена темопература со постојано мешање додека да ги ослободат етеричните масла и убаво да замирисаат.




Во помал сад измешајте 100 г шеќер и 1 лажичка цимет во прав. Истостираните ореви исечкајте ги врз даска, колку можете поситно. Потоа додајте ја мешавината од шеќер и цимет, па промешајте. Ако се сè уште топли, убаво ќе ја примат врз себе аромата од шеќерот и циметот.




Четири јаболка излупете, исчистете ги од семето и исечете ги на тенки плочки-полумесечинки. Ставете ги во еден сад и наросете ги со скроб. Промешајте ги внимателно, така да секое парче се нафати со скроб и не се лепи за другите.




Во посебен сад пенасто изматете четири јајца со прстофат сол, а кога ќе станат пенасти постепено додајте 100 г шеќер. Матете непрекинато додека јајцата да згуснат и да станат кремасти. Додајте и 10 г ванилин шеќер.




Додајте 80 мл масло и просеано 220 г брашно заедно со половина кесичка прашок за печиво (една лажичка). Изматете на најниска брзина додека да добиете хомогена, компакна смеса без грутчиња.




Плех или калап со димензии 20х20 см (или приближно) обложете го со хартија за печење на дното и на страниците. Намастете со неколку капки масло на дното. Излејте половина од приготвеното тесто, распоредете рамномерно и израмнете.




Одозгора наросете половина од оревите, а потоа наредете еден слој сечкани јаболка. Плочките јаболка наредете ги густо една до друга за да се покрие целата површина. Врз нив распоредете го сувото овошје. Прелијте го остатокот од тестото, распоредете и израмнете.




Одозгора наредете јаболка, а врз јаболката остатокот од оревите со шеќерот и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 70 минути. Оставете малку да се олади, па извадете го колачот од калапот и отстранете ја хартијата за печење.

Одозгора наросете шеќер во прав, па сечете и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаМНОГУ ВКУСНО ЈАДЕЊЕ СО ЗЕЛКА И МЕЛЕНО МЕСО: Брз ручек – исечкај и испечи, без пржење
Следна статијаПРИРОДЕН ЛЕК ОД ЦЕЛЕР И МЕД: Лековит сируп против кашлица и болки во грлото