НЕВЕРОЈАТНО ВКУСНО БЛАГО ПЕЧИВО – само јајца, шеќер, брашно, топла вечера за 15 минути. Рецепт на Гурман ТВ. Многу вкусни излеани благи уштипци со лажица во рерна, а одозгора наросени со шеќер во прав..




Потребни состојки: 3 јајца, 250 г шеќер + 25 г шеќер и отприлика 280 г брашно. Може да додадете и некоја состојка по ваш вкус, на примес кокос во прав во тестото, а одозгора се наросуваат со шеќер во прав.




Постапка: Во подлабок сад изматете ги трите јајца со 250 г шеќер со миксер. Во пенастата смеса започнете постепено да го додавате брашното, просеано низ сито. Внимавајте на количината на брашно бидејќи се додава по потреба.




Важно е да го додавате постепено, а кога смесата ќе има конзистентност нешто погуста од онаа за палачинки, но полеплива ќе забележите и вие кога е доволно брашно. На крајот се додава уште 25 г шеќер се промешува со шпатула.




Рерната загрејте ја на 180 степени, а овие ,,благи уштипци” редете ги со лажица во малку намастен плех или обложен со хартија. Тие при печењето сами ќе си ја добијат формата. Се печат 15 минути, додека да поруменат.




Тестото е многу меко и се послужува како појадок или вечера со млеко или како десерт за гостите со кафе. Овие излеани уштипци воопшто не се масни бидејќи се печат во рерна и не содржат масло, а тестото сепак излегува многу меко, воздушно.




Во продолжение прочитајте сличен рецепт, но овој пат во ,,излеаните уштипци” се додава јогурт и уште неколку состојки. Потребни состојки: 1 јајце, 180 г шеќер, 190 мл масло, 3 лажици јогурт, 2 ќесички прашок за печиво, 200 мл цеден портокал, малку рендана кора од портокал, 400 г брашно (по потреба).




Постапка: Во подлабок сад го матите јајцето со маталка, додавате шеќер, масло и се соединувате. Потоа додавате 3 лажици густ, цврст јогурт заедно со прашокот за печиво. Се промешува, па се ренда кората од портокал и потоа се додава исцедениот сок.




На крајот се додава брашното, постепено за да не се формираат грутки. Во овој рецепт не користите миксер, при целата подготовка смесата се меша со жица за матење затоа е важно состојките да се додаваат постепено и во одредениот сооднос.




На подмачкан плех со димензии 30×40 се редат уштипците исто како во првиот рецепт, црпите со лажица од смесата и редите во плехот. Важно е само да има малку простор помеѓу тестата бидејќи тие ќе нараснат при печењето.




Се печат во претходно загреана рерна на 190 степени, 15 минути. По печењето се оставаат малку да изладат и се наросуваат со шеќер во прав, па се послужуваат. Деталите од двата рецепти погледнете ги во видеото ОВДЕ.