БОСИЛЕКОТ Е ЛЕК ЗА ЖЕЛУДНИК, ШЕЌЕР И МАСНОТИИ: Еве како да го сочувате за да го имате и за во зима

Листовите од босилекот се препорачува секојдневно да се конcyмираат, бидејќи делуваат поволно на целокупното здравје. Причината за тоа е нивното богатство од нутриенти, особено витамин Ц, калциум, цинк, железо, хлорофил и други драгоцени соединенија.




Се смета дека јадењето листови од босилек може да спречи дијареа, мач-нина и желудочни проблеми. Исто така, листовите од босилек поттикнуваат подобра деток-сикација на организмот и влијаат поволно врз работата на панкреасот и црниот дроб.




Јадењето босилек исто така, му помага на телото да ја исфрли вишокот вода и штет-ните материи, го намалува шеќерот и маснотиите, а го регулира и излачувањето на желудочни киселини. Искористете ги бенефитите што ги нуди оваа билка и сочувајте ја во вашата градина или во домот, преку целата година.




КАКО ДА ГО СОЧУВАТЕ БОСИЛЕКОТ ЗА ЗИМНО ВРЕМЕ. Можете да го сочувате на многу лесен начин, но тоа направете го што поскоро, бидејќи од прениски температури или од магла, може да се свене и да потемни. Може да се сочува во неколку облици: сушен, замрзнат, да направите масло или да го посадите во саксија и да го чувате покрај прозор.




Сушен босилек

Наберете гранчиња босилек заедно со дршката. Исечкајте го малку и распостелете го во тенок слој врз некоја подлога (послужавник, тепсија) на која претходно сте ставиле крпа или хартиена салфетка.

Оставете да се суши во сенка на воздушно место. Свртете го неколку пати. Кога е целосно суво, можете да го иситните во прав или во вид на суви листови да го чувате во стаклена тегла.




Замрзнат босилек

Може да го исечкате босилекот и да го ставите во кеса или пластичен сад, а потоа во замрзнувач. Можете да го ставите исецкан во калапчиња за мраз и да го замрзнете. Кога ќе ви биде потребен, извадете ја коцката босилек и ставете ја во садот со јадењето.




Песто од босилек (сос)

Ова е италијански сос направен од босилек, лук, пињоли (борови јатки), пармезан и маслиново масло. Доколку немате пињоли, можете да ги замените со други јатки или семки од сончоглед, од тиква и слично. Се разбира, можете да додадете други билки.

Потребни ви се 3 до 4 чаши листови од босилек, 3 чешниња лук, 100 г пармезан, 20 г пињоли (борови јатки), 100-150 мл маслиново масло и 1 лажичка сол.




Можете да користите аван или блендер за да го подготвите пестото. Ако користите аван, прво сработете го босилекот со сол, пињоли и лук. Додајте пармезан и онолку масло колку што е потребно. Ако користите блендер, прво измиксајте го босилекот со сол, лук и пињоли, додајте пармезан и маслиново масло додека да се соединат.




МАСЛО ОД БОСИЛЕК

Потребна ви е китка босилек, 200 мл маслиново масло и малку сол. Откинете ги лисјата од босилек и ставете ги во врела вода што сте ја посолиле. Оставете да се вари 2 минути.

Подгответе сад со ладна вода во која сте ставиле коцки мраз, па во неа ставете ги врелите листови од босилек, претходно извадени со лажица цедалка. Оставете да отстои во таа вода една минута. Извадете ги, исцедете ги и ставете ги во блендер заедно со маслото. Измиксајте и складирајте во шише. Чувајте го во фрижидер.




БОСИЛЕКОТ ГО САКА СОНЦЕТО. Ако одлучите да имате свеж босилек преку цела зима, пресадете го во поголема саксија, со нова почва. Можете да користите купена органска почва помешана со обична почва од градината. Чувајте го босилекот во просторија каде што не е премногу студено и покрај прозорец каде што растението ќе има најмалку 5 часа сончева светлина.




Не смее да биде на провев. Босилекот има плиток корен, па затоа треба често да се наводнува. Не го залевајте со ладна вода, бидејќи така ќе го шо-кирате. Водата треба да биде на собна температура. Еднаш месечно можете да го прихраните со малку органско ѓубриво. Поткаструвајте ги врвовите на босилекот, па тој ќе се шири и ќе пушта нови странични гранчиња.

Претходна статијаЛОСОС ВО ВКУСЕН СОС – СЕ ТОПИ ВО УСТА: Никогаш не сум јадел нешто повкусно, ова ми е омилено јадење
Следна статијаНЕВЕРОЈАТНО ВКУСНО БЛАГО ПЕЧИВО ОД РЕРНА – само јајца, шеќер, брашно, топла вечера за 15 минути