Потребни состојки:
150 г корен од ѓумбир
6 лажици мед
1 лимон
100 г шеќер
½ литар домашна ракија или водка
1 кесичка ванилин шеќер
Постапка:
Во мешавина од 250 мл вода, 125 мл оцет, 1 лажица сода бикарбона, потопете го лимонот да отстои еден час ( на тој начин ќе се отстрани восокот од кората и хемикалиите од прскањето).
Лимонот добро измијте го и ситно исечкајте го, коренот од ѓумбир излупете го и најситно изрендајте го. Во поголема стаклена тегла ставете сечкан лимон, рендан ѓумбир, додадете шеќер, 6 лажици мед, 1 кесичка ванилин шеќер и прелијте со ½ литар домашна ракија. Добро промешајте и затворете ја теглата.
Нека отстои 15 дена со повремено промешување за да се растопи шеќерот. Процедете и складирајте во стаклено шише.