После една седмица редовно конcyмирање на овој појадок, ќе забележите дека варењето и воопшто целата дигестија е многу подобрена, а вашето тело секојдневно ќе добива сè повеќе и повеќе енергија.




Можеби веќе претпоставувате за која намирница станува збор, а тоа е овесот, но не било кој овес. Во продолжение прочитајте кој вид на овес е најздрав и како е најдобро да се користи. Како што ви е познато, овесот е една од најздравите житарици на светот. Иако неправедно малку го подзаборавивме, нашите предци редовно го користеа.




Овесната каша каква што ни е позната денес, не е ни одблиску она што треба да го јадеме. Преработените овесни каши не се здрава. Најздраво е да се купи овес во цело зрно, интегрален, да се сомеле, па дури потоа од добиеното брашно да се направи каша од со додатоци по ваш избор.




Вистинската домашна, овесна каша е неверојатно хранлива. Оваа храна од цело зрно може да помогне при сла-беење, ги враќа здравите залихи на „добриот“ холестерол, обезбедува одличен избор на влакна и сл. Еве зошто е добра идејата да го започнувате секое утро со овој појадок:




Ја cтимyлиpа работата на дебелото црево. Влакната што се наоѓаат во овесот помагаат во чистење на цревата, поттикнувајќи здравa дигестија. Тие, исто така, помагаат да се подобри целокупното здравје на гастроинтестиналниот тракт со тоа што ја подобруваат перисталтиката и чистењето на цревата, а на тој начин се обезбедува и подобра апсорпција на хранливите материи.




Го негува здравјето на срцето. Истражувањата ги докажуваат придобивките од овесната каша за здраво срце и намален ризик од срцеви заболувања како што е коронарна срцева болест. Антиоксидансите и здравите влакна присутни во овесот го прават одличен избор за појадок за оние кои треба да го намалат нивото на „лош“ холестерол.




Го намалува ризикот од р ак на дебелото црево. Спроведени се студии на 2 милиони луѓе во Европа кои покажаа дека високото ниво на диетални влакна може да го спречи развојот на р ак на дебелото црево. За да ја избегнете оваа болест, јадете што е можно повеќе овесна каша.




Го намалува к рвниот притисок. Едно истражување покажа дека редовното конcyмирање овесна каша за појадок може да има исто значење како и земањето лекови за висок кр-вен притисок. Овесната каша, сепак, е само индиректен „помошник“ за намалување на кр-вниот притисок и не треба да ги заменува лековите.




Го регулира шеќерот во к рвта. Примарните растворливи влакна во овес, познати како бета глукан, делумно се раствораат во вода, формирајќи густа супстанција во стомакот која има силни здравствени својства.

Една од примарните придобивки од овие растителни влакна е нивната способност да помогнат да се намали нивото на шеќер во кр-вта и да се намали отпорноста на инсулин кај оние со дијабетес тип 2.




Помага во регулирање на телесната т ежина. Луѓето кои постојано се на диета имаат проблем со намалување на т ежината бидејќи постојано чувствуваат г лад, па прибегнуваат кон нездрави грицки.

Овесната каша создава чувство на ситост подолг дел од денот и го чисти телото од ток-сини. На пример, ако јадете квалитетна овесна каша за појадок, нема да бидете гладни до ручек кога можете и треба да јадете нешто варено и со добар квалитет.




Начин за подготовка на овесна каша:

Купете овес во зрно и натопете го преку ноќ во чиста, ладна вода. Утрото, варете го околу 15 до 20 минути додека зрната целосно да се сварат и омекнат (исто како при готвење пченица). Додајте ги состојките по ваш избор и имајте здрав појадок.

Сладок појадок:

Потребни состојки: 1 чаша овес; 4 чаши млеко; 1 лажица мед; 1 лажичка цимет; 2 лажици суво грозје. Ставете сè во еден сад, поклопете и оставете во фрижидер да отстои преку ноќ. Утрото ставете го во тенџере и варете околу 15 минути додека смесата да згусне и овесот добро да се свари.

Ваква овесна каша можете да јадете секој ден, бидејќи ова е најздравиот појадок што можете да си го дозволите.

NMD.mk