Старински колач, ШНИТ КОЦКИ СО ЏЕМ ОД ШИПКА, најевтиниот колач кој се правел уште од времето. Рецепт на Рада од Радине Послатице. Вкусен колач, кој се јаде со брзина на светлината. Толку го сакаат дома што го правам со години.
Ова беше првиот колач кој го правев кога се учев да готвам, толку многу го сакаме, а сега решив рецептот да го споделам и со вас. Потребни ви се само неколку состојки, кои веројатно постојано ги имате во домот. Не содржи голема количина на шеќер, а тоа е уште еден показател дека ова е многу стар рецепт.
За да го подготвите колачот ќе ви бидат потребни следниве состојки: 500 г брашно, 1/2 прашок за печиво, 200 г свинска маст / маргарин, 2 јајца, 2 жолчки, 160 г шеќер. И уште: 1 лажичка прав од какао, 1 лажица млеко, малку изрендана лимонова кора и џем по избор.
Постапка: Во поголем сад се става брашното заедно со прашокот за печиво. Потоа се додава шеќерот, двете јајца и уште две жолчки. На крајот се додава 200 г домашна свинска маст. Доколку не користите маст, може да ставите путер или маргарин.
Сите состојки се соединуваат во фина смеса, а доколку имате електричен апарат за подготовка на тесто, постапката ќе ви биде уште полесна. Кога ќе се формира убаво и мазно тесто, се дели на два еднакви делови.
Во едната половина, која се уште е под миксер се додава 1 лажичка какао колку малце да потемни тестото како и 1 лажичка млеко. Повторно соединете, па тргнете го тестото настрана.
Во другата половина, односно белото тесто додајте добро измиена рендана кора и повторно замесете да се соедини. Доколку тестото сте го замесиле премногу тврдо, имам еден трик за вас. Во тестото додајте мала количина на лимонов сок, повторно малку размесете го и ќе видите колку ќе омекне.
Темниот дел од тестото се става на подлогата од правоаголна тава и се развлекува со раце по целата должина на тавата. Тавата не треба да биде преголема, ни премала, средна величина е најиделна. Тестото се премачкува со џем, јас користев џем од шипка, но може и по ваш избор.
Јас ставам дебел слој од џемот за повеќе да доминира овошниот вкус, децата најмногу го сакаат вака колачот. Џемот добро се измазнува, па светлата кора се развлекува настрана и се става врз џемот и краевите добро се измазнуваат.
Тестото одозгора малку избоцкајте го со чепкална или со н ож, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15-20-тина минути. По печењето, колачот се наросува со шеќер во прав и се сече на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.