Имате стара пегла, а веќе железото е oштeтeнo: еве како домаќинките се справуваат со овој проблем

Имате стара пегла, а веќе железото е оште-тено? Еве како домаќинките низ целиот свет се справуваат со овој проблем. Наместо да ја фрлите старата пегла за алишта која почнува да ви лепи и да ви ја г ори облеката, во продолжените може да прочитате неколку начини за повторно да си ја вратите пеглата да ви биде како нова.




Со неколку едноставни начини, ќе спречите „железото“ да се извалка, па дури и ако тоа веќе се случило или во него се насобрало бигор или наслаги. Сепак треба да бидете внимателни бидејќи секое „железо“ има некои правила на одржување, затоа пред да започнете со чистење на пеглата, прочитајте си ги упатствата за дополнително да не ја оште-тите пеглата.




Секогаш истурајте вода во пеглата според упатствата. Исцедете ја водата од пеглата на пареа кога ќе завршите со пеглањето. За да може железото да продолжи да се користи, многу е важно по секое пеглање да се исчисти „чинијата“ од остатоци.




На овој начин ќе избегнете понатамошно формирање на дамки. За да не се формира бигор, водата секогаш треба да се испразнува, без оглед на тоа што модерните пегли имаат филтри кои ја прочистуваат водата. Редовното одржување е многу важно за да го одржите вашето „железо“ функционално што е можно подолго.




Оцетот и солта се користат за отстранувањето на бигор од железото. Исклучете ја пеглата од струја кога ќе завршите со пеглање. Распределете го растворот на оцет и сол во еднакви количини. Полека загрејте го растворот додека да испари.




Наполнете приближно три четвртини од местото каде што се става вода со овој раствор, а потоа нежно протресете за рамномерно распределување на течноста преку преградата. Исцедете ја целата течност од железото со притискање на копчето предвидено за ослободување на пареа.




По пеглање, додека пеглата е сè уште топла, можете да ја протриете подлогата со алуминиумска фолија, или едноставно да поминете сo влажна крпа преку неа. Ако синтетички или било каков материјал се залепи за железната плоча, бидете малку поупорни при чистењето.




Направете мешавина од паста за заби и сода бикарбона и истријте ја железната плоча. Исто така, одличен начин за чистење на пеглата е раствор од сода бикарбона и оцет. Користете го овој метод само кога железото е ладно.




Направете мешавина од лажичка сода бикарбона и лажичка оцет и истријте ги дамките на пеглата со стара четка за заби. Овие природни трикови за отстранување дамки отсекогаш се користеле, но важно е да се знае кога пеглата треба да биде топла, а кога ладна при отстранување на дамките.




Домаќинка на својот јутјуб канал заедно со својата ќеркичка покажа како едноставно и ефикасно ги отстрануваат дамките од пеглата. Според неа, ова е најлесниот и најефикасниот начин на чистење, а клучна е само една состојка.

Верувале или не, таблета парацетамол може да ги извади дамките од пеглата на едноставен начин. Се што ви е потребно е една таблета парацетамол, пинцета за веѓи (‘скубалка’) и хартиено марамче.




Пуштете ја пеглата на најсилно, а со пинцетата фатете ја таблетата. Внимавајте да не се изгорите, па парацетамолот тријте го на местата каде што има дамки. Ќе забележите како тие веднаш ќе почнат ‘да се одлепуваат’ од железната плоча, на крајот пребришете со хартија. Деталите од чистењето на дамките од пеглата можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаАКО ДИЕТАТА НЕ ДАЛА РЕЗУЛТАТИ: Чај кој го забрзува метаболизмот како ракета
Следна статијаСтарински колач, ШНИТ КОЦКИ СО ЏЕМ ОД ШИПКА, најевтиниот колач кој се правел уште од времето