Верував дека си подобра личност и затоа те пуштив во мојот живот. Дури сега сфаќам колку сум била глупава. Не сум умеела да ги препознам знаците, сум била наивна и сум верувала на твоите лаги и слатки зборови.




Еден на друг си бевме конкуренција во врската, а секој од нас се обидуваше да се докаже како поуспешен. Ти како маж веројатно се чувствуваше инфериорно од мојот успех како жена. А јас пак мислев дека со моите успеси повеќе ќе те заслужам тебе, мажот…




Потоа од мене очекуваше благодарност што сум со тебе во врска, иако ништо не ми даде освен што почнав да се чувствувам безвредно. Направи како јас да сум безвредно суштество на кое му се „посреќило“ и е во врска со некој принц или крал.




Сега кога размислувам на тие моменти, не можам да верувам како сум дозволила себеси, толку ниско да паднам, да имам толку инфериорни чувства во однос на тебе. Да се срамам од она што сум, од она што сум го постигнала, да се срамам од моите успеси, наместо да се гордеам.




Но, сепак ти благодарам за тоа, ја научив лекцијата и сега многу добро знам што и кого не сакам да го имам во врската. Сега знам што мажот во врската никогаш не треба да прави. Сега знам подобро. Мило ми е што си замина.




Мило ми е што престана да ме храниш со своето его. Никој досега не ме понижил како тебе, никој досега не ме омаловажил како што ти тоа го направи, само за да можеш себеси да си се претставиш во подобро и поубаво светло.




Сфатив дека не треба да му угодувам на ниту еден човек ако не го заслужува тоа, дека не треба да дозволам никој да го контролира мојот живот и да ми го расипува расположението, ниту да ме одвраќа од моите планови и цели.




Главната работа што ја научив е дека кога чувствувате дека нешто не е во ред, верувајте дека навистина не е во ред. Ако видите дека некој се однесува лошо кон вас, не затворајте ги очите пред неговото однесување.




Игнорирав многу работи бидејќи го сакав, и на крајот сè се pacпадна и изгу-бив сè. Сфатив дека тој никогаш нема да се промени бидејќи никогаш не сакаше да се промени. Сфатив дека не можеш да смениш никого ако тој тоа не го сака.




Не бев свесна за мојата вредност, се согласив да играм според неговите правила и на крајот бев повре-дена. Еднаш дури ми рече дека сум имала среќа што воопшто сум го сретнала затоа што бил подобар од мене. Навистина бев среќна кога го запознав, но сега сум уште посреќна кога тој си замина.




Научив важна лекција, научив колку вредам и сфатив дека ми е потребно сето тоа за да научам некои работи во животот. Научив да се сакам и да се ценам себеси. Затоа сега му простувам сè и си дозволувам да продолжам понатаму.