Пиперките може да се приготват на најразлични начини, од сирови во салата, до пржени и печени, но исто така може да се полнат со различни филови. Испробајте го овој рецепт, нема да се покаете. пиперките излегуваат сочни и со богат вкус, едноставно се неодоливи.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 пиперки, 2 јајца, 300 г сирење, 7 лажици кајмак и неколку чешниња лук. Постапка: пиперките добро измијте ги и исцедете ги. Потоа направете им засеци од двете страни како што е прикажано во видеото (од лева и десна страна се засекува надолжно 1-2 см под дршката до долу, но не до крај)




Пиперките наредете ги тепсија. Потоа исчистете го лукчето, па исечете го на четвртинки ако е големо, или на половинки ако е помало, а во секоја пиперка пикнете по малку лукче преку претходно направените засеци. Кој не сака лук, не мора да го става.




Малку намастете ја тепсијата и пиперките (може со силиконска четка да се премачкаат убаво од сите страни). Во посебен сад пригответе го филот: иситнете го добро сирењето и додајте две јајца. Посолете доколку сирењето не ви е доволно солено.




Соединете со виљушка. Кој сака може да додаде ситно сечкана сланина или нешто сувомеснато. Во оваа смеса додајте 7 лажици кајмак (или кисела павлака), па уште малку промешајте за да се изедначи.




Рерната уште на самиот почеток од подготвувањето вклучете ја да се загрева на најсилно. Во добро загреана рерна ставете ги пиперките околу 5 минути колку малку да омекнат и да фатат убава боичка.




Потоа внимателно извадете ги пиперките од рерна, па прелијте ги со приготвениот фил. Внимателно со лажица нанесете врз секоја пиперка рамномерно. Потоа тепсијата вратете ја во рерна да се допечат пиперките со филот.




После 20-тина минути јадењето е готово и можете да го послужите. Ова е еден многу стар рецепт кој го добив од свекрва ми, малку е подзаборавен, па веројатно само уште малкумина го знаат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




потпечени пиперки со лукче и сирење
потпечени пиперки со лукче и сирење