Приготвеното месо во тегла како зимница има долг рок на траење, но точно колку никој не знае да каже, зошто ретко кога останува некоја тегла до следната година. Но, доколку се случило да остане затскриена некоја тегла со вака приготвеното месо, дури и после една година е свежо, сочно и многу вкусно.




Месото на овој начин се приготвува во сопствениот сок и нема потреба да му се додаваат вишок течности. Откако еднаш ќе го приготвите, можете да го јадете самостојно, или да го додавате во разни варива. Можете да си го носите на пат, во викендица или каде и да ви е потребно. После рецептот на Тања, можете да го прочитате и рецептот на Снежанка Жанче.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг свински врат без коски исечен на парчиња. Едно поголемо парче се сече на пример, на три дела, а секој дел да може да го собере целиот во претходно стерилизирана тегла.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА МЕШАВИНА ЗАЧИНИ: 3 испасирани чешниња лук, 1 полна лажичка сув зеленчуков зачин (вегета), 1 полна лажичка сол, 1 лажичка мелен кумин во прав, 1 лажичка коријандер во прав, малку сув рузмарин (половина или третина лажичка). По еден ловоров лист за секоја тегла и неколку зрна црн пипер.




ПОСТАПКА: Сите зачини ставете ги во еден сад и добро измешајте ги за да се изедначи мешавината. Потоа секое парче месо добро извалкајте го во мешавината од зачини, па ставете го во тегла. Од оваа количина излегуваат три парчиња, односно три тегли.




Во секоја тегла ставете по еден ловоров лист и по неколку зрна црн пипер. Потоа секоја тегло цврсто затворете ја со метален капак, претходно стерилизиран или пребришан со ал-кохол).




Во едно длабоко тенџере ставете дебел слој памучна крпа, па врз неа наредете ги приготвените тегли. Во тенџерето налијте вода до висина на капаците од теглите. потоа ставете го тенџерето на оган и поклопете.




Од моментот кога ќе зоврие варете ги телите на умерена температура вкупно три часа. Тргнете го капакот и оставете ги теглите да се подизладат во водата. Потоа извадете ги надвор, покријте ги со ќебе и оставете ги да се оладат преку цела ноќ.




Според овој рецепт на Тања, месото можете да го чувате до еден месец во фрижидер, а видеото со постапката можете да го погледнете ОВДЕ. Во продолжение прочитајте го рецептот на нашата драга Снежанка Жанче:

фотографија на Снежанка Жанче




Потребни состојки: 10 кг месо, 300 г крупна сол, бибер во зрно. Постапка: Месото се сече на парчиња со средна големина или по желба, потоа се зачинува, се полнат теглите со натиснување, да нема простор помеѓу парчињата.

фотографија на Снежанка Жанче




Се ставаат да се варат не помалку од 3 – 3,5 часа на тивко. Јас ставив 6 кг бут и 4 кг плешка. Теглите ги ставам во торбички и во лонец, залиени со вода до капачињата. Тоа е тоа…На здравје кој ќе прави!

фотографија и рецепт на Снежанка Жанче