Вкусни и воздушести мекици за кои не треба да чекате тестото да стасува. Во архивата имаме повеќе рецепти за овие вкусни мини печива, а вие одберете кој најмногу ви одговара – состојките веќе ги имате во кујна…




Потребни состојки: 2 јајца, 200 мл јогурт, ½ лажичка сол, 300 г брашно, 12 г прашок за печиво, масло. Постапка: во подлабок сад ставете две јајца, 200 мл јогурт, половина лажичка сол и убабо со жица за матење соединете ги состојките.




Кога ќе се изедначат, во смесата постепено додајте 300 г брашно кое претходно сте го помешале со 12 г прашок за печиво (една кесичка). Со рака замесете го тестото кое на крај треба да биде меко, мазно и сосем малку лепливо.




Тестото не треба да одмора, туку веднаш истресете го врз набрашнета површина и со помош на оклагија развлечете голема тенка кора. Со помош на модла или чаша вадете ги крофничките. Остатокот од тестото повторно размесете го и развлечете го во кора. Вадете крофнички додека да ви се потроши целото тесто.




Во меѓувреме во тенџере загрејте масло на умерена температура, да има барем 1,5-2 см масло на дното, па во него спуштајте ги крофничките. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.




Со решеткаста лажица вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Прочитајте го и рецептот на Николинка Касап: Јогуртни уштипци меки како душа – Овој рецепт ќе си го запишете откако еднаш ќе ги направите. Можете да ги сечете како правоаголници, квадратчиња, триаголници..а јас овојпат се одлучив да ги правам тркалезни, како крофни.




Многу лесно и едноставно се приготвуваат, а имаат предобар вкус. Се приготвуваат само од брашно, јогурт, прашок за печиво, сол и масло за пржење, а излегуваат толку многу вкусни. Многу се брзи, бидејќи не го чекате тестото да стасува и да го премесувате неколкупати. Тестото е одлично за работа, па можат да го приготвуваат и неискусни во кујната.




Потребни состојки: 450 мл јогурт, 2 лажички сол, 1 кесичка прашок за печиво, 600 г брашно и по потреба се додава уште за домесување на тестото за да не лепи. Уште ќе ви биде потребно масло, бидејќи уштипците се пржат во длабоко масло.




Постапка: Во подлабок сад истурете го јогуртот претходно отстојан на собна температура, додате го брашното, солта и прашокот за печиво, па со лажица или шпатула промешајте ја смесата за да се изедначат состојките. На крај замесете го тестото со рака.




Ќе добиете меко и лепливо тесто. Истресете го врз работна површина, претходно облично наросена со брашно, па месете го со додавање на уште малку брашно додека да престане да се лепи за рака и да стане мазно и еластично.

Тестото развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со дебелина од еден прст, па сечете ја по желба, на коцки, правоаголници, триаголници… а јас овојпат со чаша вадев тркалезни форми како крофни. Остатокот од тестото повторно премесете го и развлечете го во кора.




Постапката повторувајте ја додека да ви се потроши тестото. Сечените парчиња тесто пржете ги во умерено загреано масло додека убаво да зарумени од двете страни. вадете го во чинија обложена со хартиена салветка за да се исцеди вишкот маснотија. Послужете ги топли или ладни, подеднакво се вкусни.