Кога нешто печеме или што и да правиме во рерна, нормално е јадењето некогаш да претече или да накапи врз решетката на која потоа се нафаќа маснотија. Ако веднаш не ги исчистиме овие масни дамки, подоцна истите закоравуваат и многу потешко се вадат.




Меѓутоа, само мал број домаќинки и домаќини можат да се пофалат со толку ревносно чистење на рерната. Ретко кој веднаш после секое печење се зафаќа и со чистење на рерната, бидејќи целиот фокус тогаш е пренесен на јадењето кое дотогаш се приготвувало.




Меѓутоа, кога ќе помине гозбата, после неколку денови секој се соочува со „последиците“ од готвењето во рерната, а оние на жицата најтешко се отстрануваат, особено ако во рерната се печело неколкупати без притоа да се исчистат старите дамки.




За среќа, постои еден многу едноставен метод како лесно да се исчисти решетката од рерната, без многу рибање, без разлика за колку закоравени масни дамки станува збор. Еве што ви е потребно:




Можеби ќе се изненадите, но сè што ви е потребно ви е една таблета за машинско перење на садовите или третина јогуртна чаша (од 180 г) прашок за машинско перење на алишта, алуминиумска фолија и када полна со топла вода.




Процесот можеби ќе ви се чини долг, бидејќи трае повеќе од три ипол часа, но верувајте, вие не треба да мрднете ниту со прст за сето тоа време. Еве што треба да направите:




Извлечете ја решетката од рерна, и обложете ја целата со алуминиумска фолија. Не треба да ја спакувате како подарок, но да биде обложена од горната и долната страна, на пример, но сепак да може во неа да навлегува течноста од водата.




Вака „спакуваната“ решетка ставете ја во кадата полна со врела вода (од бојлер, секако), па во водата додајте една таблета (мах две) од оние кои ги користите за машинко перење на садовите.




Доколку немате ваква таблета, тогаш истиот ефект се постигнува и со прашок за перење алишта. За таа намена доволно е во водата да ставите една третина од чаша (од 200 мл) прашок за перење.




Потоа оставете „магијата“ сама да си го сработи своето. Потребно е вака да ја оставите решетката три ипол часа. Кога ќе ја извадите решетката од фолија, ќе бидете многу изненадени од резултатот.




Имено, решетката ќе блеска од чистота како да е тукушто излезена од продавница. Еве во што се крие тајната на овој едноставен метод за чистење: всушност, алу-фолијата во текот на овие три часа има хемиска реакција со таблетата за перење/прашокот, па исто како да сте рибале, ги остава предметите совршено чисти.

пред и после чистењето со методот
NMD.mk