Ова е доста стар народен лек кој нашите предци го употребувале секогаш кога ќе се соочеле со некакво воспалително заболување на респираторниот тракт. Иако овој лек е доста едноставен, сепак е премногу ефикасен, како што наведува билкарот Мартин Најдовски.




Се користел за пневмонија, бронхитис, за плеврит и секакви други респираторни болести. Мартин Најдовски е стопроцентно уверен во ефикасноста на овој стар народен лек, но сепак советува неискусните во природната медицина да бидат секогаш претпазливи и нормално, сите да се советуваат со својот лекар.




„Преку разговор со мои колеги билкари и стари лица од селата, ми беше потврдено дека во минатото, некои паци-енти со тешка пневмонија кои биле пуштани дома за последно видување со најблиските (бидејќи за нив надеж немало), благодарение на овој лек се cпа-cиле“, објаснува Најдовски.




„Иако овој стар народен лек многу често се користи во соседна Бугарија од страна на тамошните билкари, можам да ве уверам во неговата ефикасност и од мое лично искуство, но и од искуството на многу од моите па-циенти кои го испробаа врз себе“, открива Мартин Најдовски и продолжува со објаснувањето за тоа како се приготвува лекот.




РЕЦЕПТ ЗА ПНЕВМОНИЈА СПОРЕД БИЛКАРОТ МАРТИН НАЈДОВСКИ: „Се замесува обично лепче, само од брашно и вода, средно по мекост. Потоа се развлекува во дебела кора да биде со величина на грбот на б олниот врз кој ќе се нанесува.




Колкав е грбот толкава кора треба да се развлече (и на градите, како што е случај со другите лековити облоги, но никако не смее да се нанесува во пределот на срцето. Ова мора да се запомни).




Кората преку цела нејзина површина се премачкува со мед во тенок слој. Се зема нишадор во прав кој се купува од аптека и рамномерно од многу високо се наросува само еден прстофат. Напоменувам уште еднаш: само еден прстофат!




Доколку се претера со нишадорот, може да се предизвика б олно го-рење на кожата, па да се создаде друг непотребен проблем. Значи, мора да бидете внимателни и да ги почирувате препораките. Нишадорот е лековит, но не смее да се користи повеќе од еден прстофат за оваа цел“ – пpeдyпpeдyва билкарот Мартин Најдовски.




„Тој прстофат се наросува насекаде врз кората. Вака подготвената кора се става врз грбот и во пределот на градниот кош (да биде во должина и ширина на белите дробови), но никако од предната страна во пределот на срцето, бидејќи ќе направи проблем.




Кората треба да се залепи за кожата со страната која е намачкана со мед. Потоа треба б олниот да се завитка со некоја крпа, постара блуза или маица. Може да се фиксира и со завој за да не доаѓа до поместување на кората.




Вака се остава да се преспие со оваа облога, а следното утро, ако е залепена за кожата треба да се одлепи со млака вода и да се отстрани од кожата. Оваа облога почнува да загрева и добивате чувство како да сте на некоја печка со дрва.

Оние што имаат чувствителна кожа треба да бидат претпазливи (или кожата претходно да ја намачкаат со масло). Уште еднаш да напоменам, дека нишадорот е многу силен и може да предизвика изго-реници“, советува билкарот, а доколку имате повеќе прашања можете да му се обратите на неговата фан-страница Лилма.

Даровите на големата Мајка Природа / Мартин Најдовски