Слатките и вкусни бобинки од грозјето се здраво овошје во кое се сладиме овој период од годината. Бобинките од грозје содржат ситни семчиња, за кои се препорачува никако да не се плукаат, бидејќи содржат лековити материи од кои се добиваат и разни фармацевтски производи.




Семките од грозје ги јакнат к рвните садови и помагаат кај проширени вени и тромбоза, ги намалуваат отоците и воспаленијата. Богати се со антиоксиданти, есенцијални масни киселини и витамини, па делуваат поволно на целото тело, а особено на циркулацијата на к рвта.




Содржат и концентрирани материи кои ги штитат крвните садови од разни оштетувања, а исто така, превенираат од појава на срцев у дар. Слаткото и сочно грозје се омилена закуска во овој период од годината.




Вкусот на семките од грозје, кои се наоѓаат во овие бобинки, не е толку примамлив, така што овие тврди и горчливи делови од сочното овошје многумина ги плукаат и на тој начин се откажуваат од одличен извор на хранливи и здрави материи.




Екстракт од овие ситни семчиња од грозје го користат козметичките и фармацевтските компании во производството на природни препарати кои ни помагаат при разни болести, но исто така ќе ги почувствувате нивните придобивки доколку ги конcyмирате во сирова форма.




Антиоксидансите нè штитат од дејството на слободните радикали во нашето тело, а група полифеноли наречени проантоцијанидини, силни антиоксиданти, се многу застапени во семките од грозје. Нивната антиоксидантна активност, научно потврдена, е дваесет пати посилна од витаминот Е, па дури и педесет пати посилна на витаминот Ц.




Исто така, содржи пикногенол, антиоксиданс корисен за намалување на б олката предизвикана од артритис, кардиоваскуларни проблеми, алергии или ст-pec. Но, ова се само некои од причините зошто треба да конcyмирате семе од грозје.




Чистење на к рвотокот. Антиоксидансите од семето на грозјето, како и другите хранливи материи, исто така се корисни за чистење на к рвта, бидејќи ги отстрануваат отпадот и штет-ните материи што се акумулираат во неа. Покрај тоа, тие ја сти-мулираат циркулацијата и спречуваат згрутчување, така што тие се добро решение за луѓето со зголемен ризик од срцеви заболувања.




Антиканцерогени својства. Слободните радикали предизвикуваат ош-тетување на клетките, што го зголемува ризикот од развој на paк. Бидејќи антиоксидансите се чистачи на слободните радикали, овие вредни соединенија со кои се богати семките од грозје се корисен сојузник во бор-бата против оваа болест.




Антибактериско и антиинфламаторно дејство. Поради своите антибактериски својства, семето од грозје може да го спречи развојот на микробите и со тоа да спречи и лекува разни видови инфекции.




Благодарение на неговото антиинфламаторно дејство, тие исто така можат да бидат корисни за ублажување на артритис, дерматитис, чиреви, синузитис, инфекции на уринарниот тракт, како и проблеми со задржување на водата во телото.