Сигурно неколкупати ви се случило да се yдpитe во нешто и да „заработите“ грда и непријатна модринка на нозете или рацете? При yдapoт доаѓа до ош-тетување на капиларите, па модринката на почетокот е црна или темносина боја, а подоцна станува пурпурно жолта, зелена или виолетова боја.




Постојат многу природни мевлеми кои ги „лекуваат“ модринките, но мевлемот од компир се покажал како најделотворен, а покрај тоа, многу лесно и едноставно се приготвува. Потребни ви се само две состојки: компир и мед.




РЕЦЕПТ: Компирот сварете го заедно со кората (нелупен). Кога ќе се свари излупете го, па со помош на виљушка испасирајте го. Потоа во компировото пире ставете една лажица мед и многу малку млака вода.




Водата се додава во сосем мали количини, постепено, додека се меша смесата, сè додека да добиете кашичка. Вака приготвената маска ставете ја на модринката и оставете да отстои околу 15 минути.




Кога ќе ја ставате облогата најдобро е да ја фиксирате со проѕирна фолија за да не се изместува од своето место. Постапката повторувајте ја седум дена или додека модринката целосно да исчезне, што може да се случи и за само неколку денови.




Кога треба да бидеме загрижени, односно кога состојбата е сериозна? Склоност кон лесно здобивање на модринки имаат лицата кои не внесуваат доволно витамин Ц во својот организам.




На овие лица им се советува да внесуваат повеќе овошје и зеленчук и доколку е неопходно мултивитамински напитоци. Кожата станува поподложна на модринки и ако е долготрајно изложена на сонце.




Ако доста често ви се појавуваат модринки кои не поминуваат ниту после три седмици, задолжително треба да се јавите за совет кај вашиот лекар и да ги направите потребните лабораториски испитувања.




Можно е да имате слаби к рвни садови, па поради тоа потребно е да размислите за начините со кои би спречиле појава на проширени вени на нозете или пpcкaње на капилари на лицето.