Едно од заболувањата поврзани со увото и слушниот систем е т.н. тинитус или шум (зуење) во ушите. Оваа состојба може да биде привремена и безопаcна, но може да се јави и како трајна тегоба.




Тинитусот може да се јави како последица од оштетување на слухот, некој воспалителен процес, зголемен крвен притисок, проблеми со циркулацијата и други болести. Во продолжени, дознајте како да направите капки против шум во ушите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Сок добиен од една до две главици црвен кромид или повеќе (околу 100 мл), 1 супена лажица сув мајоран и 100 мл зовриена вода. Постапка: сува и иситнета билка мајоран прелијте ја со зовриена вода.




Оставете да отстои поклопено 15-тина минути. Потоа процедете ја течноста и измерете ја во мензура. Во оваа течност додајте иста количина процеден сок од сиров црвен кромид. Промешајте.




Складирајте во стаклено шишенце обвиткано со алуминиумска фолија. Чувајте го на темно и ладно место, најдобро во фрижидер. Рокот на траење е една седмица. Капнувајте по 1-2 капки во увото, три-четири пати дневно. Билкарот Мартин Најдовски има друг рецепт кој го решава овој проблем:




За читателите на НМД, познатиот билкар Мартин Најдовски ни испрати испробан и ефикасен рецепт за лекување на зуењето во ушите. За да го приготвите овој лек ќе ви бидат потребни неколку прегради од оревовите лушпи и ладно цедено маслиново масло.




ЛЕК ЗА ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10-12 прегради од оревови лушпи и 200 мл маслиново масло. ПОСТАПКА: Оревовите прегради ставете ги заедно со маслиновото масло да се пропржат на умерен оган.




Пржете ги околу 5-10 минути или додека маслото да ја смени бојата и да потемне. Потоа тргнете го настрана и оставете го да излади. Маслото складирајте го во шишенце со капалка. Употреба: По 2 капки во двете уши, трипати дневно.




Недостатокот на цинк може да доведе до тинитус. Тинитусот исто така може да биде поврзан со недостаток на цинк. Ако имате зуење во ушите во исхраната вклучете ги семките од тиква и бразилските ореви, кои може да помогнат за намалување на овој непријатен проблем. Во консултацијата со вашиот доктор може да земете и суплементи со цинк.




Кинеската медицина го препорачува сусамот во секојдневната исхрана кај лицата со тинитус. Кинеската медицина долги години го препорачува сусамот како храна која помага за ублажување на симптомите при тинитус. Семето од сусам или пастата од сусам (таан) може да се додаваат во салати, печива или како да се користат за подготовка на намази.




Гинкго билоба – ја подобрува циркулацијата и го намалува зуењето во ушите. Една од најчестите намирници кои се препорачува како помош во лекувањето на тинитус е гинкго билоба. Неколку истражувања покажале дека гингкото помага за ублажувањето на симптомите предизвикани од многу здравствени состојби поврзани со стареењето, вклучувајќи го и губењето на помнењето, слабата циркулација, па и за тинитус. Бидејќи гинкото ја подобрува циркулацијата, помага кај лица кај кои појавата на тинитус е поврзана со намален доток на к рв во внатрешното уво.

црвен кромид
црвен кромид и мајоран