Потребни состојки:
- 1 литар ракија
- 500 г шеќер
- 500 г малини
Постапка:
Во ракијата ставете ги шеќерот и малините. Складирајте во тегли, добро затворете ги и оставете ги да отстојат 40 дена на сонце. Секој ден малку протресувајте ги теглите за да се промеша содржината.
По 40 дена процедете низ газа и складирајте во стаклено шише.
Чувајте на ладно и темно место.