Подовите најчесто ги покриваме со „бродски патос“, „ламинат“ и „паркет“. Од сите нив најчесто се користи паркетот бидејќи е најдобар и најлесен за одржување. Ако добро се излакира и исполира може да добиете прекрасен сјаен под.
Меѓутоа, со текот на времето, паркетот се здобива со гребаници и постепено се губи сјајноста и оној првичен ефект на „огледална“ површина. Без разлика дали малку посилно сте ја поместиле столицата, фотељата или некој друг мебел, на површината остануваат видливи траги.
Најбрзото решение е секако, оштетната површина да се прекрие со тепих или некоја простирка, но што можете да сторите со гребаниците доколку тие се наоѓаат на видливи површини кои не можат да се покријат?
Еден мал трик може да го реши овој проблем, за кој имаме и пишувано претходно, но никогаш не достигна ваква популарност како денес, бидејќи јавно беше направено негово испробување од страна на една домаќинка, пишува НМД.мк
Имено, „трикот“ беше испробан и објавен на социјалната мрежа ТикТок, а го откри една домаќинка користејќи намирница која речиси сите ја имаме дома. Корисничката на мрежата објави видео во кое тестираше неколку потенцијлни „намирници“ кои би можеле да помогнат.
Како што таа вели, некаде слушнала дека гребаниците од подот исчезнуваат така што ќе се истријат со јаткасти плодови. За оваа намена таа зела три вида: ореви, пекан ореви и ф‘стаци.
Се испостави дека првото решение е најиделано, токму како што и ние пишувавме пред извесно време. Гребаниците навистина исчезнуваат кога ќе се протријат со јатка од орев.
Звучи дури и неверојатно, затоа што оштетните делови после третманот ги нема, како никогаш да не постоеле. Нејзиното видео воодушеви милиони корисници на мрежата и голем број од нив го испробаа методот.
Имаше и такви кои рекоа дека едвај чекаат да го изгребаат подот за да можат го проверат овој необичен метод. Видеото стана вирално со повеќе од милион прегледи, а се јавија и различни објаснувања, како и критики.
Имено еден од корисниците го понуди следното објаснување: „станува збор за плитка гребаница. Маслото од оревот го хидрира дрвото и делува исто како и завршната обработка“, напиша тој.
Значи, доколку и вие го испробате овој метод, имајте во предвид дека делува само на плитки и мали гребаници. Доколку на вашиот под постојат поголеми оштетувања и на поголема површина, сепак ќе треба да побарате помош од професионалец.