Рецептот го добив уште кога бев девојка од една стара домаќинка, тетка Зоре. Не го менувам овој рецепт, таман сè е погодено, освен што веќе ништо не мерам, знам каква треба да биде.
А излегува феноменална и одговара буквално со сè, како салата, како прилог, како сос. Ние многу ја јадеме со бурек. Лутите пиперчиња треба да се избоцкаат за да биде целата лутеница лута, а кој не сака толку луто, не мора да ги боцка – Крис Џенер
Потребни состојки: 10 г домати, 200 мл масло, 3 лажици сол и плус се досолува по потреба, 3 лажици есенција и 150 г шеќер, 1 кг лути пиперчиња, 3 големи главици лук или 4 помали, 1 китка свеж магдонос, малку салицил кој сака
Постапка: десет килограми домати измијте ги убаво, засечете ги како крстче, па попарете ги со врела вода и веднаш ставете ги во ладна вода во која сте додале и неколку коцки мраз.
На овој начин многу полесно ќе се излупат доматите. Некој не ги лупи, само ги меле заедно со лушпата, ама сосем друга текстура се довива така. Јас ги лупам. Откако ќе ги излупите доматите, грубо исечете ги на помали парчиња.
Ставете ги доматите во големо широко тенџере и варете ги додека да дојде до половина, односно да се намали на половина од првобитната количина. Така пишува во мојата стара тетратка, што значи додека да изврие и остане само половина.
Јас овој дел го правам во рерна, бидејќи нема прскање и нема мешање. Се додава 200 мл масло, 3 лажици сол, па после се додава сол по потреба и вкус, 3 лажици есенција и 150 г шеќер.
Колку се три лажици есенција преведено во оцет, не би знаела да ви кажам, затоа што никогаш не ставам оцет во лутеница, така ми рече тетка Зорка, подобро е да се стави есенција.
Откако ќе се стават сите состојки промешајте и повторно вратете во рерна. За тоа време пригответе ги лутите пиперчиња, еден килограм. Може да ставите какви било лути пиперчиња, но јас ги користам оние мали, бабурести.
Личат на мини бабури. Може да послужат и некои други лути пиперчиња, но ако се премногу лути, тогаш намалете ја нивната количина.
Исечете им ги петелките и секоја со нож боцнете ја (или со виљушка). После половина час готвење на доматите во рерна со другите состојки, додајте ги и пиперчињата.
Овојпат тенџерето мора да го ставите на рингла и да ја готвите лутеницата на потивок оган да врие уште околу половина час.
Доматот таман ќе се зготви и ќе добие потемна боја. Додајте исчистен и надолжно пресечен лук од три поголеми главици, нега се готви уште 15-тина минути со непрекинато мешање.
Потоа додајте една китка свеж магдонос исечкан на не многу ситно. Промешајте уште еднаш и исклучете ја ринглата. Додека е врело складирајте во стаклени тегли. Смесата е повеќе течна, не е густа како ајвар, ама таква треба да биде.
Јас одозгора во секоја тегла ставам по малку салицил, а вие ако не сакате, не мора. Добро затворете ги теглите, завиткајте ги во ќебе, па следниот ден се готови.
Веќе следниот ден забележувам дека некој отворил тегла, зошто…многу убаво му мирисало додека се готвела.