Да се грижите за „туѓо“ дете е благородно и храбро, меѓутоа и голем предизвик. Можеби многумина нема да се сложат со мојот став, но ова е моето искуство и моите размислувања за тоа, како треба да бидат работите, кога веќе сте одлучиле да се жените со разведена жена која има дете од претходниот брак.
Сведоци сме на чести разводи, па може да се каже дека денес речиси секој втор брак е разведен или се наоѓа на ивица од развод, па така сè почесто може да видите брачни парови со деца од претходните бракови.
Причината зошто тоа е така, не може да се опсервира во еден текст, бидејќи не е само една, туку има бројни причини кои ги донесе новото општество и новото модерно живеење.
Да се грижите за „туѓо“ дете, знаеме дека е многу благородно и храбро, но и многу предизвикувачки. Ви го пренесуваме искуството на еден маж кој се оженил со разведена жена со дете од претходниот брак.
„Таа постојано ми вели дека треба повеќе да обраќам внимание на нејзиното дете, и да се интересирам што тоа правело. Ми наметнува обрски да му помагам околу домашните задачи и постојано да го носам некаде со мене на прошетки. Овие нејзини „наредби“ ги слушав секој ден во првата година од нашиот брак.
Ама буквално секој ден таа се обидуваше мене да ми ја наметне улогата која треба да ја има вистинскиот татко, и не само тоа, туку се обидуваше своите обрвски да ми ги префрли на мене. Да бидам и мајка и татко на тоа дете.
Можеби нема да се согласите со мене и моите ставови и размислувања, но после една година вакво живеење се осмелив и и‘ реков дека ова дете си има свој биолошки татко кој треба да се грижи за него.
Детето има девет години и несвесно или поучено од мајка си, учествуваше во нејзините „игри“. На почетокот постојано доаѓаше кај мене со некои глупави парашања за сè и сешто, па дури и кога мајка му беше присутна со нас.
Кога ќе постапеше така, го праќав кај мајка му или татко му да му дадат одговори на тие прашања или го упатував на интернет и книги, да знае, иако е мал, како да се снаоѓа и да открива сам.
Меѓутоа, освен обидите да ми ги натовари нејзините обврски околу детето, таа постојано ме обвинуваше дека не сум давал доволно пари. Третина од мојата плата и ја давам на жената и нејзиното дете, третина трошам за да ги платам сметките, а последната третина, да бидам искрен, ја трошам на себеси.
Па зар тоа дете и куќата се само моја одговорност? Биолошкиот татко не треба да учествува во издржувањето на своето дете, иако веќе не живее со него? Едноставно, сметам дека ако веќе сте зеле жена со дете, секој треба да си ги знае своите обврски и да си ги исполнува.
Кога ќе се ожените со разведена жена со дете, мора да поставите правила и граници. Во спротивно, ќе излезете будала на чиј грб ужива дури и нејзиниот бивши маж. После доста кавги и ризик за прекин на бракот, мојата жена се согласи да ги прифати моите правила.
Сега јас сум сакан, ја сакам и неа и нејзиното дете, но немам намера да работам повеќе отколку што е потребно за другите и од што можам. Не дозволувам другите да ме искористуваат“, заклучува овој човек.