Во денешно време се чини дека нема човек кој може да се пофали дека е целосно здрав. Дури и младите луѓе кои се во полн развој и енергија, некогаш се жалат на некакви тегоби кои се несвојствени за нивната возраст.




Трчаме од лекар до лекар, од специјалист до специјалист, купуваме цел куп лекови и суплементи за да превенираме или да се излекуваме од некаква болест, најчесто од кардиоваскуларна, или имунолошка како што е дијабетесот.




Земаме лекови и суплементи за да ги зајакнеме коските и имунитетот, за да го регулираме варењето, да го запреме или барем успориме стареењето… Но, забораваме дека природата ни е на дофат рака, особено шумските плодови како што се боровинките.




Боровинките се вистинско богатство на биофлавоноиди, антиоксиданти, витамини и минерали кои се неопходни за нормален раст и развој на клетките, како и за нормално функционирање на сите органи, а со самото тоа и за вкупната здравствена состојба на секој од нас.




Многупати досега се докажало дека боровинките содржат многу повеќе антиоксиданти отколку другите овошни или зеленчукови плодови. Овие хранливи материи ги неутрализираат шт-етните дејства на слободните радикали кои ги ош-тетуваат клетките.




На овој начин тие спречуваат појава на разни болести, го сочувуваат и одржуваат нашето здравје на високо нив. Од тие причини потребно е секојдневно да јадеме боровинки, најмалку по една порција (една рака).




Боровинките имаат низок гликемиски индекс и имаат поволно влијание врз регулацијата на шеќерот во кр-вта, особено кај лицата кои боледуваат од дијабетес. И кај шеќерна болест тип А и тип Б, една порција боровинки дневно може да придонесе за значително подобрување на резултатите после два месеци секојдневна употреба.




Превентивното кон-сумирање на ова бобесто овошје покажува најдобри ефекти за здравјето на кардиоваскуларниот систем, односно превенција од создавање на срцеви заболувања.




Потоа, редовото јадење боровинки е добра превенција и заштита од осла-бување на коските (остеопороза), гу-биток на видот и појава на уринарни инфекции, без разлика дали боровинките се јадат свежи, во смути и смрзнати.