Овој одличен напиток најдобро е да се јаде наместо вечера или да го замени појадокот. Се состои од здрави состојки, потполно е природен и му помага на организмот да го исфрли целиот непотребен отпад кој се наталожил во цревата.




Прочистувањето на организмот е неопходно за здравје, но посебно е важно да се чистат цревата од заостанатите талози кои навремено не се исфрлиле. Тоа може да се направи на природен начин со помош на хранливи лековити намирници, пишува НМД.мк




Ви откриваме рецепт за напиток кој уште се нарекува и „Пилинг за црева“. Се приготвува од лесно достапни состојки, а идеален е за сла-беење и забрзување на метаболизмот.




Исто така, им се препорачува на лица кои имаат проблеми со подување на стомакот, мрзливи црева и запек. Доколку сметате дека сте ги покачиле к илограмите и имате вишок од кој сакате да се ос-лободите, тогаш потребно е да направите прочистување на цревата и да ја проверите функцијата на црниот дроб.




Во случај да постои било какво замастување, сите обиди за слабеење ќе ви бидат залудни, бидејќи најпрво мора да се прочистат органите за да можат тие правилно да функционираат. Овој напиток кој можете да го кон-сумирате наместо појадок или вечера, може во голема мера да ви помогне да ја постигнете вашата цел.




Потребни состојки: 250 мл јогурт со малку маснотии, 100 мл вода, 2 лажици мелено ленено семе, 3 суви сливи и 1 лажица суво грозје. Постапка: сувите сливи и сувото грозје потопете ги во 100 мл топла вода и оставете ги да набубрат и да ја впијат водата.




Потоа целата смеса ставете ја во блендер и миксајте додека да добиете кашеста смеса. Постепено додавјте го обезмастениот јогурт, или уште подобро, доколку имате домашен кефир.




На крај во добиената смеса додајте две супени лажици мелено ленено семе и промешајте. Оставете неколку минути за да се отпушти слузта, па потоа испијте го добиениот напиток.




Овој вкусен и хранлив пијалак е преполн со растителни влакна кои одлично делуваат против опстипација и подување на стомакот. Ова е идеална замена на ужината и закуската (кои најчесто се некоја нездрава варијанта), па може да ви помогне да ос-лабете.