„Си реков, ајде едно мало парче ќе пресечам, нема ни да забележи… Го изедов во два залаци. Па кога веќе ја исеков тортата, да си пресечам едно нормално парче…И така, малку по малку, тортата се намалуваше, а ќерка ми доцнеше…Пројди-замини-касни си и кога најпосле таа се врати, од тортата остана само празна чинија“ – Маја.
Туфахија е десерт и за најпребирливите, па кој не го пробал омилениот десерт од босанската кујна, мора во најскоро време да го проба за да не го пропушти – еден од најубавите десерти, со вкус да се растопиш од милина кога ќе пробаш.
Ви претставуваме одличен рецепт за да направите туфахија во домашни услови, но овојпат во вид на торта. Потребни состојки: 6-7 јаболка, вода, шеќер, ореви, суво грозје, цимет. За бисквитот: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно. За украсување: шлаг, шарени трошки или нешто по ваша желба
Постапка: јаболката излупете ги, а средината издлабете ја. Наредете ги во подлабок сад наполнет со вода и шеќер, колку да биде прекриено дното. Јаболката наполнете ги со ореви и суво грозје, па наросете ги со малку цимет. Ставете ги во рерна да се печат на 180-200 степени додека да омекнат јаболката.
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот, па со лажица додајте брашно и промешајте. Во смесата за бисквит можете да додајте и суво грозје кое претходно малку киснело во рум.нСмесата прелијте врз јаболката и печете додека да биде готово.
Печениот колач оставете го да излади, а потоа превртете го наопаку. Може да го послужите со изматен шлаг и да го наросите со шарени трошки или сечкани/мелени ореви или нешто по ваш вкус. / Coolinarika.com Прочитајте го и следниот рецепт кој е многу интересен и сигурни сме дека ќе го испробате:
Ставил 9 јаболка во рерна и преку нив излеал тесто – многу едноставен метод за колач Туфахија
Потребни состојки: 9 јаболка, 9 лажици шеќер (250 г), 9 лажици џем од јаболка (или алтернатива), 1 прстофат цимет, калап 25 см, се пече 20 мин/200 степени. За тесто: 9 јајца, 9 лажици шеќер, 9 лажици масло, 18 лажици брашно, 1 прашок за печиво (9 г), 1 лажица бел оцет 9% (се пече 50 мин/180 степени)
Постапка: во тенџере на умерен оган ставете 250 г шеќер и загревајте со постојано мешање додека да се растопи и карамелизира. Додека е течен карамелот прелијте го на дното од калап со пречник 25 см. Јаболката излупете ги и издлабете ги за да го извадите семето (од двете страни).
Јаболката наредете ги врз карамелот, па во секое ставете по една лажица џем (по желба можете да ставите и ореви). Одозгора наросете цимет во прав. Ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени, 20 минути. За тоа време пригответе ја смесата за тесто.
За тесто: Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со миксер. Постепено додајте го шеќерот и матете додека целосно да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. Потоа додавајте една по една жолчка и продолжете со матење, а маслото додавајте го во тенок млаз.
Постепено додајте го брашното и мешајте со маталка или лажица, а потоа во смесата промешајте го и оцетот. Убаво соединете додека да добиете хомогена смеса. Прелијте ја рамномерно преку печените јаболка.
Потчукнете ја тепсијата неколку пати за да излезат воздушните меури, па ставете да се пече во загреаната рерна на 180 степени околу 50 минути. Колачот превртете го врз чинија за да дојде карамелот со јаболката одозгора, па наросете шеќер во прав.