Намалувањето на нивото на хемоглобин во к рвта, независно од бројот на црвените кр-вни зрнца (еритроцитите), го намалува капацитетот на к рвта за транспорт на кислородот до клетките, со што се доведува до појава на анемија. Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на железото во к рвта, пишува НМД.мк




Конкретно, оваа витаминска бомба и лековит елик-сир е исклучително добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигање на нивото на к рвните клетки и подобрување на општата кр-вна слика. Направете го веднаш, освен што е супер здрав, многу е вкусен!




Потребни состојки: 20 мл мед, 200 г сечкани или мелени ореви, 100 г суво грозје, 100 г урми, 200 мл сок од морков, 20 мл сок од цвекло и 2 органски лимони со кора




Постапка: добро измијте ги лимоните и пресечете ги на половина. Извадете им ги сите семки, па сомелете ги заедно со кората. Ако случајно лимоните сте ги купиле од продавница, тогаш излупете ги. Мелените лимони ставете ги во стаклена тегла од 1 литар.




Потоа додајте мед и цеден сок од морков и цвекло. Промешајте добро. Потоа во оваа смеса додајте ситно сечкани или мелени ореви, сечкани урми и суво грозје. Повторно добро промешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса, пишува НМД.мк




Чувајте ја добро затворена во стаклена тегла, во фрижидер. По потреба додајте уште малку мед. Примена: Јадете од смесата трипати дневно по една или две супени лажици, пред секој оброк.




Нема несакани дејства, освен зголемување на енергијата. После една или две седмици проверете ја к рвната слика. Ќе бидете пријатно изненадени. Освен што е многу здрава и лековита, оваа смеса е многу вкусна. Затоа, користете ја умерено, а не како сладок десерт, пишува НМД.мк




Урмите имаат широк спектар на здравствени и хранливи вредности, па поради тоа многумина велат дека тоа е најздравото овошје на светот. Речиси не постои болест за која урмите не можат да помогнат.




Урмите се многу хранливо овошје. Содржат природен шеќер во облик на глукоза и фруктоза. Мелените суви урми потопени во вода во која стоеле цела ноќ се добар лек за зајакннување на срцето и неговите витални функции. Урмите се и многу ефикасен природен лек за мамурлак.




Одличен извор на железо. Анемичните пациенти би требало да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на железо. Околу 100 грама урми содржат околу 0.90 мг железо, што е околу 11% од препорачаниот дневен внес.




Железото, како дел од хемоглобинот во црвените к рвни зрнца, ја одредува носивоста на кислород во кр-вта. Најмногу потреба за железо имаат децата во пубертет и бремените жени.




НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.