Извадоци од НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА:

Лукот ги елиминира сите видови непријатности. Има бројни здравствени предности, но исто така, лукот се поврзува и со заштита од зли работи. Оваа билка може духовно да ви го заштити домот. Не се попусто присутни народните верувања дека лукот заштитува од вампири и други зли сили. Во селските домаќинства често можете да видите низаници од лук како висат на прозорите од кујната, на ѕидовите од трпезаријата… а тоа не е случајно.

Како прво, лукот има безброј лековити својства. Помага за:

-лекување на дишни патишта

-лекување на заболено срце и крвни садови

-лекување на органите за варење

-се употребува против ќелавост

-при вирусни инфекции на усните

Во народната медицина лукот има посебно почесно место. На лукот не може да се приближи никаква зла сила, па затоа многумина си чуваат чешне лук во својот џеб.

Ова мора да го знаете за лукот:

Лукот никако не смеете да го лупите со нокти! Во народната медицина лукот има најзначајно место меѓу сите билки. Кај бајалките со лук важи ова посебно правило:

“Ти мене чувај ме од нокти, а јас тебе од секое зло!”

Мирисот од лук ги брка змиите и сите негативни суштества. Од лукот особено се плашат вештерките и враџовите и сите кои се бават со црна магија. Народното верување вели дека доколку сакате да се заштитите од секое зло, лукот треба да го врзете околу врат кога одите на спиење. На тој начин ќе бидете заштитени од вештерки и зли духови.