Извадоци од Народните верувања:

Детелината со 4 листови е моќна заштита и носи успех. Ако слушнете чудни звуци во куќата, поставете по една глогова гранка на секој агол од дневната соба. Така ќе се заштитите од духови.

Лукот исто така, штити од нечисти сили – доволно е да чувате едно чешне лук на влезната врата од куќата или канцеларијата.

Брезовата метла е одлична одбрана од вештерки, па се поставува пред влезната врата од домот, дворот, шталата, таванот, подрумот… и тоа превртена наопаку.

Црвените лути пиперчиња нанижани на конец се чуваат на прозор. Освен што делуваат декоративно, тие штитат од лути непријатели, но и од болести предизвикани од црна магија…”