Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрални дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот. Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични б олки доколку не се лекува навремено.
Најчести пропратни симптоми се: хронична б олка во долниот дел на грбот која се шири на колковите, б олка во задникот и бутовите по подолго пешачење, пецкање и слабост во колената, рацете и прстите, хронична б олка во вратот со пропратна б олка во главата, рамената и рацете.
Народен лек за дископатија со глина: Едно парче глина се чува изложена на сонце 3 дена. Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода.
Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облогата во вид на палачинка. Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и втор пат навечер, а се остава да делува 3 – 4 часа.
Облога со кромид и сода бикарбона. Потребни состојки: 3 главици лук, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица чист ал-кохол од аптека, 1 лажица масло. Подготовка: Сите состојки се мешаат, а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место.
Претходно кожата на болното место треба да се премачка со свинска маст. Се остава да отстои неколку часа или да преноќи. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.
Лек за ишијас и б олки во зглобовите: Постои еден интересен рецепт за лекување на артритис, гихт, ишијас, реума и останати воспалителни состојби на зглобовите, колковите, прстите на раце и нозе, коленици и шилец во пета.
Станува збор за стар лек кој се претпоставува за многу ефикасен. Лекот се состои во вид на облога која се нанесува на болното место и која делува директно на местото каде се манифестирал проблемот.
Потребни состојки: компир, црвен кромид и ленено семе. Подготовка: Потопете една полна супена лажица со ленено семе во 200 – 300 мл вода и варете 10 минути. Истовремено, добро измијте еден среден компир и изрендајте го заедно со кората.
Изрендајте и средна главица црвен кромид. Кога водата со лененото семе ќе биде изладена, додајте ги кромидот и компирот и сето добро измешајте го.
Исцедете ја вишокот течност од смесата.
Доколку станува збор за проблем со прстите на рацете или нозете, односно шилец на петата, ставете ја смесата во некои стари ракавици или чорапи, па обујте ги, а преку нив фиксирајте најлон ќеса.
На другите делови од телото, како што се колкови, кичма, ребра, коленици и слично, смесата најпрво нанесете ја на газа, па облогата ставете ја на болното место. Фиксирајте со завој или проѕирна фолија.
Облозите треба да отстојат преку ноќ, а наутро да се фрлат. Болните места треба да се исплакнат со вода и сапун. Доколку имате чувствителна кожа, а од облогата ви се појави иритација и црвенило, тогаш пред нанесување намачкајте го заболеното место со некој мрсен крем или маслиново масло.
Истовремено со облозите потребно е орално да се кон.сумира рибино масло кое ќе делува одвнатре. Процедурата се повторува се додека смесата да го „извлече“ заболувањето од телото.
Освен што е главен дел од структурата на организмот, во него е сместен и ’рбетниот мозок – сложена сензорска мрежа која се протега низ прешлените за да го пренесува чувството за движење и да ги контролира движењата на целото тело.
Основна причина поради која луѓето денес стра.даат од тегоби во грбот е таа што се’ повеќе се противиме на нашето еволуциско наследство и што стануваме суштества кои седат.
Исправената положба е наменета за одење и во поголем дел од историјата на луѓето го правеле токму тоа. Дури во минатиот век, со појавата на моторните возила, повеќето луѓе се преместуваат од место до место седејќи. На ист начин се менуваат и нашите работни навики.
Ако сте здрава, активна возрасна личност и вашите вообичаени активности ве држат во движење, може нема да ви треба посебна програма за вежби, ако на работното место седите или не сте вклучиле неколку часа одење или други телесни активности во својот неделен распоред, би морале редовно да вежбате со цел да ги јакнете грбните мускули.