Никогаш не ја фрлајте течноста од маслинките, може да заштедите многу, а има и богати микронутриенти. Откога ќе се изедат киселите краставички, најчесто секогаш се фрла течноста во теглата. Многумина не знаат, но овој кисел сок е богат со вредни нутриенти.

Киселата течност од киселите краставички е богата со електролити, па можете да ја пиете без други додатоци по напорен тренинг и на тој начин да вратите некои вредни нутриенти што сте ги изгубиле преку потењето.

Исто така, течноста е добар извор на калиум, кој спречува појава на грчеви во мускулите. Доколку не ви е познат производителот на производот, потребно е да ја одделите течноста од парчиња зачини кои се ставаат за конзервирање.

Оваа течност е нежна замена за оцетот. Овој сок може да се користи како оцет во разни видови на зелени салати, компир салата и тврдо варени јајца. Течноста можете да ја додадете во јогуртот и да направите прелив за салата или да ја користите за маринирање на месото.

Истурете мала количина од оваа течност врз кромидот. Ова ќе ги омекне овие плодови, ќе ја намали нивната горчина и ќе ги подготви за додавање на покомплексни салати од зеленчук.

Луѓето најчесто се ужаснуваат од самата помисла дека треба да ја пијат оваа солена и кисела вода и на вкус делува како отпадна вода. Изгледот може да ве измами, бидејќи оваа вода во која се „капат“ краставиците содржи електролити, хранливи материи и антиоксиданти, кои се повеќе од потребни за нашето тело.

Разредете со вода и испијте ја после тренинг или измешајте неколку лажички со јогурт и испијте. Ова е само еден од начините на кои може да се користи.

Спречува грчеви во мускулите. Киселата вода содржи оцет и калциум хлорид. Овие две состојки го олеснуваат организмот да апсорбира калиум и натриум.

Соодветно на тоа, оваа вода ќе ја намали можноста за грчеви во мускулите. Ова е точно една од главните причини зошто спортистите ја пијат пред и по натпреварот.

Доволно е да се испие една третина од чашата за да се добие ефект на спречување на појава на грчеви во мускулите, бидејќи киселоста помага да се запрат нервните сигнали што ги прават мускулите да се контрахираат.

Лечи б олки во желудникот и стомакот

Киселоста, кој е важна состојка во сокот од кисела краставица, може да помогне во смирување на стомачните тегоби и вознемиреност во овој ор.ган. За да ги регулирате цревните проблеми, потребно е да пиете по една третина од чаша, трипати на ден.

Стимулира хидратација на телото

За повеќето луѓе кои вежбаат, пиењето обична вода за време и после тренинг е доволно. Обична вода е сè што е потребно за вежбач кој тренира умерено. Меѓутоа, ако станува збор за напорна вежба која трае до два часа, особено во топли временски услови, сигурно е дека во овој случај, најобичната вода можеби не е доволна за соодветно хидрирање на организмот.

Во течноста што е создадена како производ на маринираните краставици, најважни елементи се натриумот и калиумот, кои помагаат да се хидрира побрзо и поефикасно заради големиот напор на организмот.

Ова е многу важна придобивка на оваа течност, бидејќи и натриумот и калиумот се всушност електролити кои телото ги ослободува преку потење. Пиењето на овој сок за време на тренинг, наместо вода, ќе му помогне на телото побрзо да ги врати своите стандардни нивоа на електролити.

Лечи синдром на немирни нозе

Синдромот на немирни нозе (РЛС) е нару.шување на нервниот систем, кое е придружено со пецкање или „трнење“ во нозете, обично на крајот на напорниот ден кога телото се обидува да се одмори и да заспие.

Доволно е да се испие половина чаша вода од кисели краставички пред спиење со цел да се намалат симптомите на РЛС.

Иако научните истражувања не го потврдиле овој метод на лекување, многу луѓе кои ја пиеле оваа вода пред спиење велат дека тоа помага во олеснување на несаканите “нервозни” нозе.

Бидејќи водата од кисела краставица го балансира нивото на електролити во организмот, тогаш може да помогне во намалувањето на последиците од прекумерниот внес на ал-кохол. Покрај тоа, таа е во состојба да го прикрие непријатниот мирис на ал-кохол од устата на лицето кое го кон.сумирало.

Поттикнува губење на вишокот килограми

Најважно во сла.беењето е да кон.сумирате здрава храна. Овој сок може да биде вклучен за време на процесот на сла.беење, бидејќи е одличен извор на антиоксиданти, хранливи материи, витамин Ц и електролити.

Најдоброто нешто е што сите овие антиоксиданти и хранливи материи од него се апсорбираат многу брзо во организмот, што е неопходно за ефикасно сла.беење.

Го регулира нивото на шеќер во кр-вта

Медицински студии ги проучувале ефектите од кон.сумирање на мали количини од оваа количина пред јадење. Оваа течност помага во регулирање на нивото на шеќер во кр-вта после јадење кај луѓе со дијабетес тип 2.

За потсетување, овој тип на дијабетес е поврзан со дебелина, што повторно укажува на тоа дека течноста од кисела краставица помага поттикнување на полесно губење килограми и го забрзува метаболизмот.