Во последно време сè поголем број луѓе се соочувуваат со проблем во видот, бидејќи поголемиот дел од денот се поминува пред екраните на паметните телефони и компјутерите. Исто така, честа е и појавата на катаракта ( очно перде), што во минатото значело -слепило, а денес успешно се отстранува ласерски на очен лекар.
Од памтивек луѓето спасот го барале и наоѓале во природата, а до ден денешен некои од тие рецепти и билки се користат кај народот. Билкарот Мартин Најдовски несебично ги споделува рецептите за сите заинтересирани, кои сакаат себеси или на свои блиски да помогнат, или едноставно се љубопитни и сакаат да дознаат повеќе за билките.
Овојпат Мартин Најдовски ни откри неколку интересни природни рецепти кои помагаат во случај на катаракта или други проблеми поврзани со очите. Доколку имате какви било прашања поврзани со овие рецепти, можете да го прашате Мартин на неговата страница Лилма.
Лек за катаракта (воедно и за сите проблеми поврзи со очите)
„Зголемен е бројот на луѓето кои имаат проблем со очите, сега речиси секој втор човек го има тој проблем, без разлика дали е тоа ослабен вид, глауком, очен притисок, коњуктвитис и друго.
Алергиите, старосната граница, веќе настапени болести, долгите седења пред социјалните мрежи, особено зрачењето од мобилните и телевизорите, се само дел од работите кои доведуваат до влошување на видот и здравјето на нашите очи“, вели Мартин Најдовски.
Ќе ви откријам неколку рецепти со кои можете да си помогнете:
1. Лек со алое (според рецептот на Филатов) – 100 грама алое (од врстата Aloe arborescens), 500 грама мелени ореви, сок од 3 лимони и 300 грама мед. Сè се меша заедно и потоа се чува во фрижидер. Се консумира 3 пати на ден по 1 супена лажица, 30 минути пред јадење.
За алоето сакам да напоменам, дека свежите листови треба да отстојат во фрижидер 12 дена, а потоа да се исечат, да се изблендираат и да се користат за лекот. Јас овој рецепт го изменив малку, бидејќи не ми беше добар, па овој е мојот рецепт:
300 грама алое, 1 килограм мед, сок од 3 лимони, 500 грама ореви мелени, 50 грама мелен видец билка, 50 грама невен мелена билка. Сè се меша и се јаде 3 пати по 1 супена лажица, 30 минути пред јадење.
2. Капки од јаболко: Се зема едно јаболко, да биде благо, органско, непрскано. Се засекува на две половини, а каде што стои семето се прави вдлабнатина. Во вдлабнатината се додава мед и се враќа другата половина (се поклопува).
Се остава на собна температура 46 часа. После 46 часа, се префрла во шишенце и се чува во фрижидер. Се користи наутро и навечер по 2 капки во секое око. Да напоменам неколку секунди после тоа ќе осетите печење во очите.
Совет: проверете јаболкото дали стои стабилно на тацната, па направете подобро лежиште. Добро е јаболкото да се стави во подлабок сад, бидејќи сокот кој медот го вади, може да претече.
3.Стол-чени листови магдонос свеж: 6 до 8 листови се толчат, а потоа се ставаат на капаците на очите како облога. Се врзува тоа со крпа и се преспива така цела вечер. Наутро, во една чаша се става вода и се цеди сок со неколку капки лимон а потоа очите се испираат со истиот раствор.
4. Чај: Се меша 50 грама видец, 50 грама невен, 50 грама плод од боровинка, 40 грама рузмарин, 30 грама корен од глуварче, 30 грама плод од сладок анасон. Сè се меша тоа, па 2 супени лажици се земаат од смесата се попарува со 500 мл зовриена вода.
Се остава да отстои поклопено 20 минути, се процедува и се пие по 2 шолји на ден, наутро и навечер 30 минути пред јадење. Чајот се пие 2 недели со 1 недела пауза. Ако го пиете чајот паралелно со лекот со алое, извадете го од комбинацијава видецот и невенот, направете ја само со останатите билки.
5. Утринска плунка – Според народната медицина воедно и Ајурведата, утринската плунка се користи како помошно средство против слаб вид. Наутро кога ќе станете, кога сте уште во кревет, се зема од плунката со прстот, а потоа се премачкува по ивицата на окото, не во самото око туку околу окото. Со утринска плунка се лекува и јачмен на окото како и хемороиди“, раскажува Мартин Најдовски од својата ризница на народни лекови.
6. Сок од морков – Поради присуството на многуте витамини и минерали (а најпотребен витаминот А) се блендира морков, органски, непрскан, без вода – само морковот, а потоа се исцедува кашата за да се добие сокот. Се користи по 2 капки во секое око, 2 пати на ден, наутро и навечер.
7. При коњуктивитис добро е да се исперат очите со чај од еднакви делови на видец и камилица (или само камилица) во кое има додадено 1 лажиче мед.
8. Лек против катаракта – 1 супена лажица црвен кантарион, 1 супена лажица лист од бетоника и 2 супени лажици видец. Се мешаат и се попаруваат со 400 мл зовриена вода. Стои поклопено 2 часа, потоа се процедува и се топат памукчиња, се ставаат како облоги наутро и навечер. Облогата треба да стои на очите по 30 минути.
После облогите, во окото се става 1 кафено лажиче од чајот, се држи во окото околу 5 минути потоа се испушта, исто се прави и тоа навечер и наутро. Третманот трае 10 дена, па пауза од 5 дена и се повторува по потреба.
9. Чај од видец: Самото име на билката покажува дека се користи за сите проблеми со очите. 2 супени лажици се попаруваат со 500 мл зовриена вода, стои поклопено 20 минути, се процедува и се пие по 2 шолјии на ден, 30 минути пред јадење. Со чајот може да се плакнат и очите надворешно, и тоа по 2 до 3 пати на ден. Чајот се пие 7 дена со 3 дена пауза.
Има доста лекови и рецептури можам да набројувам уште илјадници, како медени капки, со млеко од росопас, рицинус масло, и така натаму..Овие се некои од рецептите кои ги користам јас и дале добри резултати“, заклучува Најдовски.