Сокот од киви е нешто што треба сите да го воведеме во секојдневното користење, бидејќи делува благотворно врз организмот и преполн е со разни здрави состојки.
Претставува одлично средство за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите и жолчното кесе. Сокот од киви содржи голема количина на калиум и влакна, што е од голема важност за заштита од срцеви болести.
Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека ова овошје не само што го намалува нивото на т.н. оксидативен стрес и оште.тувањата на ДНК, туку воедно и ги поттикнува оштетените клетки на регенерација.
Кивито е неизбежна состојка на речиси сите програми за исхрана на заболени од карцином, болести на срцето, а се користи и во кинеската традиционална медицина за забрзување на процесот за излекување.
Според зборовите на експертите, едно до две киви дневно, во текот на сезоните е идеална количина која ќе му помогне на имунолошкиот систем на организмот успешно да се спотивстави на вирусите и бактериите.
Корисните сотојки од кивито најдобро ќе бидат искористени доколку кон.сумираме свеж плод и тоа веднаш наутро – на гладно.
Кивито во себе содржи ензими кои плодот го прават помек, а се активираат истиот момент кога ќе го исечеме или излупиме. Поради тоа се препорачува, доколку правите овошна салата, сечењето на кивито да го оставите последно, за крај.
Силата на антиоксидансите растат со зрелоста на плодот, па затоа е најдобро да се јадат исклучиво созреани плодови кои се меки на допир. За да ги дозреете, најдобро е меѓу кивијата да ставите едно јаболко.
Сокот од киви ги чисти бубрезите, мочниот меур и жолчната кеса од песок и камчиња, спречува кардиоваскуларни болести, спречува појава на тромб и згрутчување на кр-вта, намалува ризик од мозочен y дap, ја штити виталноста на клетките.
Исто така, поволно влијае врз видот и спречува очни болести (катаракта, дивертикулоза, конјуктивитис..), го поттикнува закрепнувањето на организмот, ја штити ДНК од штет.ното влијание на слободните радикали, но и од срцев ин-фаркт.
Прави детокс на организмот, го подобрува имунитетот, спречува формирање на масни наслаги, ублажува симптоми кај бронхитис, хронична кашлица и други белодробни болести, кај деца и кај возрасни.
Го отстранува целулитот, придонесува за здравје на кожата, делува врз способноста за памтење. Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви. Не би требало да испиете повеќе од 1 – 2 чаши сок разблажени со вода, бидејќи може да доведе до алергија на киви.
Потребни состојки: 1,5 кг свеж излупени киви, 500 г шеќер, 1,5 литар вода.
Постапка: Излупете ги кивите, исечкајте ги, ставете ги во блендер и сомелете ги. Потоа процедете низ цедалка за да се ослободи што повеќе сок. Водата ставете ја во тенџере на рингла, па кога ќе зоврие исклучете и оставете да излади.
Во процедениот сок од киви додајте ја преварената и изладена вода и 500 г шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно да се растопи (може да го ставите и во водата додека таа е топла, побрзо ќе се растопи и нема да морате подоцна толку да го мешате сокот).
Сокот складирајте го во стерилизирани стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер. Пред употреба разблажете го со вода.
Напомена: Секогаш е најдобро да се јадат свежи плодови и свежо исцеден сок од киви, но вака приготвениот сок е еден начин тој да се конзервира за полесна и побрза кон.сумација. Термички не се обрабоува, што значи дека сите хранливи состојки се сочувани.
Сокот или сирупот од киви содржи: витамин А, Б – комплекс, витамин Ц, Е, К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглени хидрати, флавоноиди и поради тоа се препорачува да се користи во исхраната и на мали деца, бремени жени и за слабокрвни лица.